Спорт

Хрватска ја демолираше Аргентина

Со неверојатна игра во вторите 45 минути, балканската репрезентација со 3:0 го победија некогашниот светски првак.

Хрватска си обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство во Русија, откако во второто коло со неверојатни 3:0 ја победи Аргентина. „Коцкестите“ имаат максимални шест бода, додека Аргентина по овој пораз останува само со еден бод и е на прагот од елиминација на Мундијалот

Шоуто на Хрватска во 53 минута кога Ребиќ го искористи киксот на Кабаљеро и погоди за 1:0. Во последните 10 минути од средбата, во листата на стрелците се запишаа и двајцата најдобри фудбалери на Хрватска. Капитенот Лука Модриќ со феноменален шут од околу 20 метри погоди за 2:0 во 80 минута, а во судиското надополнување точка на мечот стави Иван Ракитиќ. 

/sportmedia