Следете не

Мобилни уреди

Ова е првиот Huawei со 8 гигабајти RAM (ФОТО)

Објавено пред

на

Кинеската компанија „Huawei“ го прикажа својот прв паметен телефон со 8 гигабајти RAM меморија – „Honor 10 GT“, чиј претходник „Honor 10“, кој пристигнува во верзии со 4 или 6GB RAM, oд мај е достапен на светскиот пазар.

Покрај поголемата RAM меморија, „Honor 10 GT“ има речиси идентични карактеристики како и основниот модел.

Уредот има екран со дијагонала од 5,8 инчи, резолуција 2280 x 1080. На диплејот се наоѓа и сензор за отпечаток на прстот.

„Honor 10 GT“ ќе го користи процесорот „Kirin 970“, како и батерија од 3.400 mAh. На задната страна на уредот се наоѓаат две камери со сензори од 16 и 24 мегапиксели.

Новиот „Honor 10 GT“ официјално ќе биде претставен на 24-ти јули, прво во Кина, а потоа и на останатите светски пазари.

Цената на уредот се уште не е објавена, но со оглед на цената на основниот „Honor 10“, се претпоставува дека „Honor 10 GT“ би можел да чини околу 390 долари.

Credits: Denar.mk

Мобилни уреди

Ќе го забрза ли Samsung брзото полнење на батеријата за најновите серии од „S24 и S4 Ultra“ ?

Објавено пред

на

Samsung е една од компаниите која во последните две-три години беше критикувана дека не ја подобрува брзината на полнење на своите паметни телефони, а се чини дека овие критики не ја засегаат јужнокорејската компанија.

Додека кинеските конкуренти на Samsung нудат брзина на полнење на телефонот до 240 W, Samsung веќе некое време е „заглавен“ на полнење од 45 W. Иако се шпекулираше дека следната година Samsung ќе го подобри тој сегмент, најновите информации не укажуваат на тоа.

Кинеските верзии на серијата Samsung Galaxy S24 – Samsung Galaxy S24, Samsung Galaxy S24+ и Samsung Galaxy S24 Ultra добија CCC сертификати во Кина. Според информациите достапни на овие сертификати, откриено е дека сите модели ќе ја задржат истата брзина на полнење како и нивните претходници.

Така, сертификатите откриваат дека Samsung Galaxy S24 (SM-9210) ќе пристигне со поддршка за брзо полнење од 25 W, додека Samsung Galaxy S24+ (SM-S9260) и Samsung Galaxy S24 Ultra (SM-9280) ќе поддржуваат брзо полнење од 45 W. како и претходниците.

Можно е софтверот на Samsung некако да го скрати времето на полнење на телефонот, но дури и да го направи тоа, тоа ќе биде мало подобрување. За потсетување, сите три модели од серијата Galaxy S23 можат целосно да се наполнат за околу еден час.

Веќе е откриено дека Samsung Galaxy S24 ќе има батерија од 4000 mAh, Samsung Galaxy S24+ батерија од 4900 mAh, додека Samsung Galaxy S24 Ultra ќе биде опремен со батерија од 5000 mAh.

Серијата Samsung Galaxy S24 ќе биде претставена во првиот квартал од 2024 година, на првиот Galaxy Unpacked настан на Samsung следната година.

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

(ВО ЖИВО) Сè е спремно „Apple“ ја презентира својата нова серија на iPhone „15“, која би требало да добие четири модели, што знаеме, а што не?

Објавено пред

на

Apple денес во 19:00ч по наше време ќе ги претставува новите iPhone мобилни телефони од серијата „15“, која би требало да има четири модели, а извесно е дека премиера ќе имаат и нов часовник и таблет, така што Apple испрати покани за својот најголем годишен настан, а новите информации за телефонот носат и добри и лоши вести. Лошата работа е што линијата на iPhone 15 ќе чини повеќе од минатогодишните модели, па може да биде најскапиот телефон на Apple досега, а добрата работа е што причината за ова е големата надградба во однос на квалитетот на градбата. како поголема батерија и нова камера.

– Според последните информации, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max треба да бидат направени од титаниум наместо од нерѓосувачки челик како досега. Apple конечно одлучи да користи 10x оптички зум на перископот на камерата за прв пат на своите телефони и се на се, ќе додаде најмалку 200 долари на цената. Така, iPhone 15 Pro ќе чини 100 долари повеќе од истиот модел минатата година, па цената е 1.099 долари, а iPhone 15 Pro Max е дури 200 долари повеќе по почетна цена од 1.300 долари. Моделите iPhone 15 и iPhone 15 Plus ќе се продаваат по непроменети цени од 799 и 899 долари, бидејќи ќе бидат изработени од истиот материјал како и досега. Треба да се земе предвид дека цената овде, за жал, ќе биде повисока од овие.

– Засилување следи и во сегментот на камерата. iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max ќе имаат телефото и ултра широкоаголни камери со повеќе мегапиксели од порано, па конечно Apple ја премине „границата“ од 12 MP. Интересно е и тоа што новото „Action Button“, кое ќе го замени прекинувачот за исклучување на звукот, сега ќе има дополнителни функции, меѓу кои и придушување на телефонот, стартување на режимот „Фокус“ ​​и камерата, отворање на кратенката Siri…

Доколку сакате да ја следите во живо презентацијата, ви го претставуваме официјалниот јутјуб линк во продолжение:

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Најновите гласини за „iPhone 15 и iPhone 15 Pro Max“ говорат дека новиот модел ќе биде полесен од својот претходник

Објавено пред

на

Преминот од нерѓосувачки челик на титаниум се очекува да ги направи iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max значително полесни од нивните претходници. Најновата гласина доаѓа преку MacRumors и го вклучува предупредувањето:

  • „Важно е да се напомене дека информациите презентирани овде се пред-производство и можеби не го одразуваат хардверот на единиците за масовно производство“.

Според последните гласини, iPhone 15 Pro ќе биде 18 грама полесен од iPhone 14 Pro. Ќе биде нешто погусто, но и нешто потесно и пократко.

/b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп54 минути

Хороскоп за среда (27 септември)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Спорт9 часа

Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот...

Автомобили18 часа

(ВИДЕО) „BMW XM“ изненади на тестот на еден престижен настан за автомобили

Шпански специјализиран сајт го тестираше BMW XM, првиот независен модел М, но и најтешкиот сериски BMW во продажба од 2.800...

На денешен ден19 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучил мир со српскиот голем префект Стефан Немања, кој се обидел да го заземе градот во два...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (26 септември)

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

Спорт1 ден

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на...

Македонија1 ден

Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за...

Магазин2 дена

Пристигнаа првите информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“? (ФОТО)

Впечатоците по iPhone 15 сè уште не стивнуваат, а веќе ги имаме првите информации за новиот изданок на серијата Google...

Магазин2 дена

Snapchat се обидува да им отежне на тинејџерите да се поврзат со странци

Snapchat додава нови функции кои имаат за цел да ги обесхрабрат тинејџерите да комуницираат со странци на својата апликација. Промените...

Магазин2 дена

YouTube работи на алатки за вештачка интелигенција за да им помогне на креаторите

YouTube има нови AI функции за креаторите. Функциите со вештачка интелигенција што компанијата ги објави на настанот „Made on YouTube“...

НАЈЧИТАНИ