Следете не

Кичево

(ФОТО) Во Пласница хумани соселани изградија две нови куќи за сиромашни комшии

Објавено пред

на

Семејствата на Раим Насуфоски и на Муамер Горалија од селото Пласница, деновиве се вселија во новоизградените куќи што се подарок од хуманите гастарбајтери од ова село. Тие издвоија повеќе од 40.000 евра за да им обезбедат покрив над главата на своите посиромашни соселани. Двете семејства велат дека ќе го паметат овој јануари додека се живи, бидејќи ветената помош од страна на соселаните и Општина Пласница во целост е исполнета.

Инаку, иницијатива за изградба на овие куќи на двајцата соселани произлезе од Советот на Општина Пласница, која беше едногласно прифатена од страна на советниците, по што акцијата започна. Локалната самоуправа обезбеди парцели за изградба на овие куќи, а изградбата во целост ја финансираа печалбарите од ова село.

По само шест месеци, новите куќи беа целосно подготвени да ги примат нивните идни станари и сопственици.

По наша иницијатива, на две семејства од селото Пласница со нерешено станбено прашање им се изградени целосно нови домови. Едното семејство е тричлено, а другото е петчлено. Тие повеќе нема да мораат да се грижат дали нивниот дом прокиснува или дали покривот ќе им се сруши над главата. Гастарбајтерите од нашето село едногласно се договорија да издвојат дел од својата заработувачка и на тој начин на своите соселани трајно да им обезбедат квалитетен дом. Домовите се опремени и со нов мебел, бела техника и сѐ што му е неопходно на едно семејство за нормална живејачка. Оваа практика за помош на посиромашните семејства од нашата општина ќе продолжи и понатаму – рече Елсан Нурчески, советник во Општина Пласница.

На сопствениците на домовите ова им е остварување на сонот.

Немам зборови со кои можам да им се заблагодарам на моите соселани што работат во странство, за мене да изградат нова куќа, која засекогаш ќе биде и мојот нов дом каде што не морам да се грижам дали прокиснува покривот или има некој друг проблем. Јас како посиромав човек не можев ни да сонувам за вакво нешто, но благодарение на моите хумани соселани сонот стана јаве. Сега единствена грижа ни е да го чуваме нашиот нов дом, да обезбедиме дрва за огрев и да продолжиме нормално да живееме – со солзи во очите рече Муамер Горалија, кој живее од социјална помош.

Автор/Фото: Зоран Антоски

Кичево

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Објавено пред

на

ФОТО: mcms.mk | Граѓаните против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“ на градскиот плоштад со почеток од 14:00 часот ќе продолжи со караванот со настани насловени Преку глава ми е од корупцијата што се организираат и во Штип, Гостивар и Крива Паланка.

Граѓаните на овие средби ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе можат да разговараат и да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. Покрај претставниците од граѓанските организации МЦМС, ИДСЦС и ЦГК ќе присуствуваат и медиумските партнери од ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија.

За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека

Стопанската комора на Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.

/ПР

Прочитај повеќе...

Кичево

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Објавено пред

на

@porta.mk

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда) со почеток од 13 часот во кичевскиот кафе бар Check-In.

На состанокот свое учество ќе земат претставници на локални медиуми, онлајн медиуми (портали), новинари и медиумски работници од Кичево.

Инаку ова ќе биде прва средба на ССНМ и медиумските работници и новинари во Кичево, а ќе се разговара за актуелни случувања и проблеми со кои се соочуваат при извршување на своите работни задачи.

Прочитај повеќе...

Кичево

„Отворени денови“ на Армијата на Република Македонија за граѓаните денес на градскиот плоштад во Кичево со почеток од 11 до 15 часот

Објавено пред

на

ФОТО: porta.mk (архива)

 

Денес со почеток од 11:00 до 15:00 часот по повод 75 години од формирањето на „НАТО“ и четири години од членството на Македонија во Алијансата на градскиот плоштад во Кичево, односно во непосредна близина на НЦУК „Кочо Рацин“, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија организираат отворен ден за граѓаните, каде присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на Воениот оркестар, да ги запознаат воените опреми и возилата, а презентација ќе има и на борбени вештини од баталјонот за специјални сили и алпинистички вештини од страна на Ренџерската единица.

Активноста ќе биде проследена од началникот на штаб во командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и претставници од локалната самоуправа. Со оваа организација практично се завршуваат отворените денови за граѓаните.

Нашата екипа ќе го проследи овој настан.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин26 минути

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин29 минути

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево15 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин1 ден

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

Магазин1 ден

Apple сè уште е резервиран кон Кина

Неодамнешната посета на Тим Кук на Кина покажа дека Apple не се иселува од Кина. Кина и Хуавеи се на...

НАЈЧИТАНИ