Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Вечерва во Кичево беше успешно реализиран хуманитарен концерт наменет за доизградба на црквата „Св.Атанасиј“ од с.Миокази
Денес, петок 18.10.2019 успешно се реализираше хуманитарен концерт чии финансиски средства од продадените карти директно се наменети за доизградба на црквата во село Миокази кичевско „Св.Атанасиј“.
Како кичевчани уште еднаш покажавме дека сме доста солидарни и хумани луѓе кои знаеме да го цениме духовното богатство и кога е најпотребно секогаш сме тука да го покажеме тоа со дело, вечерашниот настан е доказ.
Во име на црковниот одбор на село Миокази и организаторите на чело со г-дин Алексо Тришоски, со наше медиумско покровителство упатуваме голема благодарност до сите кои беа дел од вечерашниот концерт и кои помогнаа во реализацијата на истиот..
Концертот виден преку нашиот објектив изгледаше вака:
Кичево
Во сабота е првата проба на најмилите дечиња за кичевската „Бадникова поворка 2025“, нека биде до сега најголема, а сите дечиња гласно да го опеат Христовото Рождество!
Како и секоја година со исклучок на пандемијата, така и оваа по 13-ти пат под раководство на г-дин Бошко Сарафилоски, најмладите ќе маршираат и во хор ќе ги пејат најубавите песни по повод Рождеството Христово.
Како што стои во соопштението од организацијата, на која секоја година даваме голема поддршка, г-дин Сарафилоски ексклузивно истакна дека се очекува бројот на деца драстично да се зголеми од лани, така што сите родители кои се заинтересирани за учество на нивните најмили во „Бадниковата поворка 2025“, нивните дечиња можат да ги донесат на премиерната, односно првата проба која ќе се одржи во сабота (7 декември) во просториите на нашата градска црква св.Петар и Павле од 13:00 часот.
Последното официјално видео изгледаше вака:
Кичево
17-годишник од Кичево на бул. „Ослободување“ неовластено го отстранил државното македонско знаме, а потоа и албанското, видеата се ширеле по социјалните мрежи
Полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по видео снимки објавени на социјалните мрежи, на 29.11.2024 година, на разговор повикаа 17 годишно момче од Кичево кое претходно, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено отстранување на државно знаме. Тој, од столб за улично осветлување, со рака го отстранил македонското државно знаме а потоа и едно албанско знаме.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите преку соопштението во целост, информираше портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
И оваа година во Кичево со голема радост традиционално ќе блесне спектакуларниот „Хуманитарен Божиќен Базар“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен поддржувач ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2025 традиционално и овој пат ќе се реализира кичевскиот „Хуманитарен Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (четврток) со почеток од 18:00ч. И оваа година покрај најубавата елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град – ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, точено пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки, а оваа година премиерно ќе го имаме и надалеку познатото „Ѓомлезе и Мекици“
За прв пат оваа година на програмата се организира богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
Сите дечиња кои сакаат фотографија со Дедо Мраз, тоа можат да го направат преку објективот на Фото Зоран, додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за прв пат ќе имаме Рингишпил, и на ваше барање се враќа детскиот Воз за голема радост на дечињата.
Најдобрата игротека во Кичево „Гнездо“ ден пред Бадник ќе организира работилница од Бадникови гранчиња, каде дечињата ќе Ви ги стоплат срцата, додека учениците од кичевските основни училишта „Владимир Полежиноски-Бато, Кузман Јосифоски-Питу и Христо Узунов“ ќе учествуваат со креативни работи и хепенинг за присутните, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
За Божиќ, односно на 8-ми јануари на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара.
На музичкиот подиум и оваа година ќе бидат најдобрите кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва, Лука Лазаревски и останатите исполнители на нашата најубава музика.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања, богата трпеза за уште поголем хуманитарен карактер – како главно мото!
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за среда (4 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (3 декември)
-
Култура11 часа
Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, за многу години!
-
Кичево2 дена
Во сабота е првата проба на најмилите дечиња за кичевската „Бадникова поворка 2025“, нека биде до сега најголема, а сите дечиња гласно да го опеат Христовото Рождество!
-
Временска прогноза2 дена
Долгорочна временска анализа: Месец декември ни носи чести врнежи од снег и дожд, а ќе биде постудено од ланска година!
-
Временска прогноза2 часа
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата
-
Временска прогноза1 ден
Променливо време, на повидок снег во регионите над 1000м надморска височина
-
Спорт21 час
Омерагиќ ќе биде единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија