Кичево
Денес хуманитарен концерт за црквата „Св.Атанасиј“ с. Миокази кој ќе помогне за доизградба и завршување на светиот храм!
Драги наши, почитувани граѓани на Кичево и околината.
Ве повикуваме колку што можеме масовно да го посетиме концертот кој има за цел собраните средства од влезниците кои ќе чинат симболични 100 денари директно да помогнат во доизградба на црквата во село Миокази – кичевско.
Настанот ќе се одржи во „НУ Центар за култура – Кочо Рацин“ – Кичево денес на 18.10.2019 со почеток од 18:00 часот, а за богатата музичка програма органзиторите се потрудија да донесат звучни музички имиња, повеќе уметнички друштва, хор и др.
Ве повикуваме сите, заеднички со вашето присуство да направиме добар и солидарен чин, да присуствуваме за нашата Православна црква во с.Миокази „Св.Атанасиј“
За повеќе информации може да контактирате со организаторите на следните тел. броеви:
Алексо – 070 801 482
Игор – 070 425 883
Владо – 071 493 951
* Споделете го натписот со цел повеќе луѓе да се информираат.
Со почит.
Кичево
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.
Притоа, контролирани се вкупно 101 возило (Охрид-68, Струга-11, Кичево-15, Дебар-07), од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање.
NПо целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“ на градскиот плоштад со почеток од 14:00 часот ќе продолжи со караванот со настани насловени „Преку глава ми е од корупцијата“ што се организираат и во Штип, Гостивар и Крива Паланка.
Граѓаните на овие средби ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе можат да разговараат и да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. Покрај претставниците од граѓанските организации МЦМС, ИДСЦС и ЦГК ќе присуствуваат и медиумските партнери од ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија.
За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека
Стопанската комора на Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.
/ПР
Кичево
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда) со почеток од 13 часот во кичевскиот кафе бар Check-In.
На состанокот свое учество ќе земат претставници на локални медиуми, онлајн медиуми (портали), новинари и медиумски работници од Кичево.
Инаку ова ќе биде прва средба на ССНМ и медиумските работници и новинари во Кичево, а ќе се разговара за актуелни случувања и проблеми со кои се соочуваат при извршување на своите работни задачи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 март)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Култура2 дена
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево1 ден
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт1 ден
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle1 ден
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево2 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед