Временска прогноза
И денес променливо облачно со дожд и засилен ветер сѐ до вторник
Денес ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник.
Потоа ќе настапи постепено стабилизирање на времето, освен во среда, кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд.
Прогноза за 04.05.2020
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 15°С до 22°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 05.05.2020
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Прогноза за 06.05.2020
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 24°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Извор: Centar
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево16 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза10 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин2 дена
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин2 дена
Meta се затвора во Турција
-
Спорт1 ден
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт20 часа
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.