Следете не

Без категорија

И официјално календарски пристигна зима

Објавено пред

на

Денес понеделник 21 декември 2020 година, во 5 часот и 19 минути, во Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото.

Воедно, неделата на северната полутопка ќе биде најкраткиот ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум).

Во Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (21.12-22.12), ќе биде најдолга за 2020 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути.

Веќе од вторник (22.12), ноќите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат деновите и тоа до 21 јуни 2021 година.

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 3 минути

Арсоска и дечињата преку „Little Eco Footprints“ со низа работилници и работна акција во дворот на „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“

Месецов на ден 04.06 и 05.06.2021 година се реализираа низа работилници и работна акција во дворот на кичевското „О.У. Кузман...

КичевоПред 2 часа

Време е за музика: „Куќа на Уметноста“ – Кичево ве кани на одличен музички викенд со Марјан Коцев и Мирослав Мирчески

Реномираниот кичевски комплекс „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во пазувите на село Кнежино, опкружен со борова шума, поседувајќи го...

БалканПред 8 часа

Пронајден и приведен човекот кој пукаше во кафуле, во Чачак соседна Србија

Пипадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак со брза и ефикасна акција го уапсија Џ. З. (1984) од Чачак...

МакедонијаПред 10 часа

МВР со важна информација за личните документи, возачки дозволи и пасоши..

МВР информира дека поради миграција во нов систем,  од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со...

МакедонијаПред 12 часа

Воздухопловен Винг: Од денес до петок ќе се изведува Летачка обука над водените површини од Охридско Езеро

Од Воздухопловниот Винг известуваат дека на крајбрежјето на Охридското Езеро период од денес вторник 22.06 до петок 25.06.2021 година, во...

На денешен денПред 18 часа

На денешен ден – 22 јуни

1533 година – Турскиот султан Сулејман Втори Величествениот потпиша мировен договор со Австрија, по друга неуспешна експедиција во Виена. 1535...

ХороскопПред 19 часа

– Хороскоп за денес (22 јуни) вторник

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

СкопјеПред 23 часа

ЕВН Скопје: Најава за прекин на електрична енергија во следниве скопски реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 22.06.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 24 часа

(ВИДЕО) Нашата репрезентација оштетена, недосудениот фаул причина за примениот гол во контра на лалињата

Да токму така, Македонската репрезентација е дефинитивно оштетена по недосудениот фаул врз Горан Пандев на работ на шеснаесетникот, по што...

МакедонијаПред 1 ден

Од ноќеска поскап бензин и дизел, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени, бензините поскапуваат за еден денар. Поточно, ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 69,5...

НАЈЧИТАНИ