Следете не

Спорт

Ибра е најблизу до враќање во Милано

Avatar

Објавено пред

на

Златан Ибрахимовиќ наскоро може повторно да го носи дресот на Милан. Ова стана јасно по изјавата на комесарот на МЛС, Дон Гарбер. Според него, „росонерите“ се италијанскиот клуб, кој ќе се засили со 38-годишниот напаѓач од зима.

Договорот на Ибрахимовиќ со Л.А. Галакси истекува во декември, а Швеѓанецот веќе јасно стави до знаење дека сака повторно да игра во Италија, каде ги бранеше боите на Јувентус, Интер и Милан. Ветеранот е заинтересиран и за Болоња, а од „Ренато Дал Ара“ дури ги потврдија шпекулациите за разговори со Златан.

– Ибрахимовиќ е интересен човек и на, и надвор од теренот. На нашата лига и требаа играчи како него и Дејвид Бекам пред извесно време. Златан е смешен, ми се допаѓа како тој зборува за мене во трето лице. Иако има 38 години, тој е класа и знам дека има понуда од Милан – еден од најголемите клубови во светот, рече Гарбер.

Понудата на Болоња е за годишна плата од 8 милиони евра, но Ибра веројатно ќе го избере предизвикот да му помогне на Милан да се врати на своите славни денови.

Спорт

Пиоли убеден дека Милан не одигра полошо од Јувентус

Avatar

Објавено пред

на

Тренерот на Милан Стефано Пиоли го коментираше поразот на Јувентус (0:1) доживеан синоќа во натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат.

– Бевме барем рамноправни со нашиот противник, ако не и подобри. Но, ако не ги реализирате своите шанси, тогаш мора да платите. На секој натпревар се обидуваме да создадеме шанси, да оствариме предност. Овој пат решивме цврсто да играме, сепак на крајот загубивме.

Ние мора да продолжиме да работиме и да се подобриме. Нашата сегашна позиција е недостојна за Милан, ова треба да нè задржи напнати и фокусирани. Гледам подобрувања секој ден, ги видов на неодамнешните натпревари, бидејќи ние во никој случај не бевме инфериорни во однос на Лацио или Јувентус. Мора да разбереме дека на ова ниво секоја топка може да биде пресудна, изјави Пиоли.

Милан по 12 кола во Серија А се наоѓа на 14.место со само 13 бода.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Охриѓани прославија 30 години постоење на Рибари со спектакуларна баклијада

Avatar

Објавено пред

на

Денеска, со голема и богата целодневна прослава навивачката група „Рибари“-Охрид ќе го одбележи јубилејниот 30-ти роденден.

Охридските навивачи долго време се подготвуваа за роденденот и најавија голем спектакл, кој ќе ги надмине сите досегашни во нашата земја и пошироко.

Прославата почнува во 13 часот на фудбалскиот натпревар Охрид – Кораб. Продолжува во 15 часот кога сите генерации „Рибари“ ќе се соберат пред Чинарот и пеш ќе се упатат до СРЦ „Билјанини Извори“ каде се игра ракометното супер дерби Охрид – Пролет. После завршување на ракометот следува пиротехничко шоу на градското пристаниште.

Бидете дел оваа приказна, бидете дел од „Рибари“ сега и секогаш!

Напред Охрид!

Стои во натписот на OhridNews од кои и ја превземаме статијата во целост.

Секоја чест!

Прочитај повеќе...

Спорт

РК Вардар vs Келце одиграа нерешено, до крајот на мечот беше неизвесен резултатот

Avatar

Објавено пред

на

Ракометарите на Вардар одиграа одличен натпревар во кој 60 минути речиси иста постава се бореше за бодови на овој дуел. Со само една до две измени на крајот бодовите беа поделени, па двата тима ќе мора да се задоволат со по еден поен после нерешените 28:28.

Вардар тргна со игра 7 на 6 во нападот во обид да го изненади ривалот бидејќи на овој дуел очигледно Кристопанс и Дисингер не беа во можност да помогнат. Ова даваше резултат на стартот од средбата, а Вардар после неполни девет минуги имаше резултат од 7:3 што беше одлично за почетокот на овој дуел. На ова Келце одговори со погодоци преку Јуркиевич и Карачиќ и со одбрана на Волф, за веднаш потоа да следува „решетање“ од сите страни, па Чупиќ, Калараш и Атман обезбедија 10:5 на средина од првото полувреме.

Прочитајте повеќе на 24.ракомет со кликнување ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ВидеоПред 5 часа

(ВИДЕО) Сте се запрашале што има внатре во медузите?

Природата и инстинктите се чудесна работа. Затоа што досега сигурно не сте имале можност да видите што се крие под...

ХороскопПред 6 часа

Дневен Хороскоп (13.11) Среда

ОВЕН Може да очекувате дека ќе добиете нови идеи кои ќе ви бидат многу значајни за започнување на бизнис. Ви...

ВидеоПред 7 часа

(ВИДЕО) Турски фармер ставил озвучување 1.800€ во својот трактор и сега е главна атракција на нивата

Кога Мурат Карлеоглу (30), земјоделец од турската провиниција Ајдин, се враќа од нивата, цело село знае за тоа. Имено, тој...

ВидеоПред 9 часа

(ВИДЕО) 7 најчуди градови во светот, за кои не сте слушнале дека постојат

Во светот има навистина чудни места, кои не сте ни знаеле дека постојат, а не би ви паднало ни на...

МузикаПред 11 час

(ВИДЕО) „Километри“ од нашиот кичевчанец Лозано е украле, а пеачот се такмичел на фестивал!

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано. Шаќири со песната на...

МагазинПред 13 часа

Фчерашни: За што се караа во законодавниот дом, ќе дознаете во најновата епизода

Во новата епизода ќе дознаеме и кој го налути Номче уредникот и зошто!? Што успеа да сними Менде гибнатиот и...

Временска прогнозаПред 16 часа

Облачно време со врнежи, дожд ќе има до четврток

Времето во Република Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Пообилни врнежи на...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (12.11) Вторник

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата...

КичевоПред 2 дена

Старица од Кичево сред бел ден била нападната од куче-скитник и се здобила со повреди

Вчера на ден 10.11.2019 во 15:00 часот во Полициската станица Кичево, К.Х.(76) од Охрид пријавила дека во близина на градските...

МагазинПред 2 дена

Идеја за ручек: Полнет сладок компир

Еве идеја за брз и вкусен ручек. Состојки: Четири слатки компири со средна големина Сол и бибер Цимет, јогурт, путер,...

НАЈЧИТАНИ