Lifestyle
Оригинални идеи за денот на „вљубените“

Подароците се составен дел на искажувањето љубов за денот на вљубените. Меѓутоа добрата идеја вреди исто колку и скапиот подарок, затоа ви предлагаме неколку трикови кои ќе ви го разубават овој ден без многу труд и пари, но со иста порака – љубов!
1. Бидете Сирано на еден ден
Има ли подобар начин некому да му ги покажете своите чувства така што ќе ги преточите во стихови? Затоа моливот и хартијата во раце и обидете се на посилната или понежната половина да му/и напишете песна, а ако римата баш не ви оди од рака напишете кратка љубовна приказна во која вие двајца ќе бидете главните јунаци. Во краен случај украдете туѓи стихови и прочитајте и ги на саканата личност покрај свеќи и вино, ако вашите емоции се искрени и позајмените зборови ќе станат вистинити.
2. Љубовта е на насекаде
За оваа идеа исто така ви треба молив и хартија и многу мали ливчиња по можност во разни бои. Сè што треба да направите е на ливчињата да напишете убави љубовни пораки или да опишете што сакате кај својот партнер, а ќе послужи и едноставното „Те сакам“ во стотици примероци. Потоа ливчињата сокријте ги насекаде по станот или низ дома, почнувајќи од омилените чевли, омилената книга која сега ја чита, помеѓу гардеробата или на некои други места на кои можеби ќе ги открие после еден месец, поради што и насмевката ќе биде уште поубава.
3. Колаж од спомени
Направете ѕид од спомени и подарете му го на партнерот наместо вообичаените подароци и бидете сигурни дека ваков вид на внимание никогаш нема да заборави. Ќе ви требаат ситници кои сте ги насобрале во текот на врската, а кои може да се закачат на табла од плута, чија големина самите ќе ја одберете. Закачете ги своите слики, зачуваните влезници од концерти, престави, кина и напишете под секоја работа на што ве потсетува. Овој колаж од спомени можете да го закачите на некое видно место во станот или во вашата соба и така да ја изненадите саканата личност.
4. Плетена љубов
Ова секако важи за понежниот пол. Доколку умеете да плетете или везете, фрлете се на работа. Било да исплетете шал, капа, ракавици или пак чорапи, да извезете марамче или нешто слично, сосема е сигурно дека ќе го разнежните партнерот.
5. Бидете мистериозни
Малку мистерија и годи на секоја љубов, а денот на вљубените е идеален на својот партнер да му се преставите како таен обожавател. Сè што треба е да организирате испорака на цвеќе, шише пијалак со романтична порака, бонбони, ЦД со омилената музика, а можеби и посакуваното домашно милениче на прагот од саканата личност, без негово/нејзино знаење.
Lifestyle
За полесно да помине времето: Ако ви претстои првиот авионски лет, еве што треба да знаете

Без оглед на ситуацијата, веруваме дека ќе ги најдете советите кои можат да ви го направат поудобно времето на аеродромот. Ви ги пренесуваме во следните редови.
Цените на аеродромот не се наивни. За да избегнете да плаќате три пати повеќе за обична кеса со чипс или бисквити, најдоброто нешто што можете да направите е да го носите она што сакате да го јадете од дома.
Спакувајте празно шише со вода
Секогаш е препорачливо со себе да носите празно шише со вода, кое обезбедувањето нема да ви го земе и кое можете да го наполните со вода во бањата на аеродромот кога ќе почувствувате жед.
Пријавете се за вашиот лет однапред
За да не чекате предолга редица на аеродромот, погрижете се да се пријавите за вашиот лет онлајн 24 часа однапред. Згора на тоа, некои авиокомпании наплаќаат дополнително за пријавување во живо, што е дополнителна мотивација за да го направите тоа од дома.
Облечете се во слоеви
Целосно неповрзано со временските услови, треба да се облекувате слоевито кога планирате лет. Аеродромот може да биде толку ладен среде лето што ќе зажалите што ќе облечете само тенок фустан. Истото важи и за зимските услови. Облекувањето во слоеви ќе ве спаси од несакани настинки.
Носете пренослив полнач со вас
Понекогаш навистина може да се случи да чекате со часови на аеродром. Во тој случај, телефонот ќе ви биде начин да го пополните тоа време. Но, многу лесно може да се случи батеријата да ви откаже во најлош можен момент. Во овој поглед, мудро е да носите пренослив полнач со себе ако се покаже дека сите приклучоци на аеродромот се зафатени.
Спакувајте го вашиот лаптоп на лесно достапно место
Кога летате, ќе треба да ја отстраните целата електроника за проверка од обезбедувањето, поради што е важно да ги имате на дофат. Навистина лоша идеја е да го ставите вашиот лаптоп на дното на рачната торба бидејќи ќе мора да ги извадите сите работи од него додека другите патници гледаат.
Фотографирајте го вашето паркинг место на аеродромот
Изгледа прилично смешно, но дали сакате да талкате низ паркингот барајќи го вашиот автомобил кога ќе се вратите од патот, бидејќи сте заборавиле каде сте паркирале. Фотографија од паркинг место во телефонот е вашиот најдобар пријател.
Lifestyle
Кои намирници се препорачливи за жените доилки

Една од важните работи за доилките е да пијат доволнa количинa на течности како што се: Вода, јогурт и млеко, лесни билни чаеви, супи, свежо цедени сокови.
Алкохолните напитоци треба да се изостават, а кафето и чаевите од видот на црн и зелен чај, да се сведат на минимум. Се препорачува внес на 3 порции млечни производи во текот на денот и тоа посебно збогатени со витаминот Д (1 порација = 250 мл млеко или јогурт = 80 грама немасно сирење = 50 гр кашкавал)
Треба да консумираат разновидно овошје и зеленчук во најразлични бои, а да ги избегнуваат намирниците кои предизвикуваат надуеност: грав, леќа, соја, кикирики.
Јаткастите плодови (ореви, лешници, бадеми) и семките (ленено, сончоглед, семки од тиква) да се консумираат секојдневно.
Треба да се внесуваат доволни количини на месо и риба, особено сардина.
Секојдневно треба да се користат намирниците кои се извор на јаглени хидрати: леб, тестенини, ориз, компир. Но, потребно е да се избегнува храна која содржи транс масти како масни пецива, кекси, грицки, соленки.
Повеќето лекови преминуваат во млекото, па задолжително пред пиењето на било каков лек консултирајте се со лекар.
/денар
Lifestyle
Домашните миленици ја подобруваат меморијата, особено кај постарите луѓе

Она што е добро за срцето понекогаш е добро и за мозокот. Една неодамнешна студија над 50-тите покажа дека сопствениците на домашни миленици имаат подобри резултати на тестовите за меморија.
Истражувањето на научниците од Универзитетот во Мичиген покажува дека ефектот на домашните миленици (‘pet effect’) не само што ги штити срцето и цревата, што е веќе добро позната теорија, туку може да игра важна улога и во зачувувањето на мозочните функции во старост, пишува Science Alert.
Резултатите се засноваат на национално репрезентативно истражување на повеќе од 20.000 возрасни лица кои биле прашани дали имаат домашно милениче и колку долго. Здравствената состојба на испитаниците потоа беше следена во период од шест години.
Се испостави дека сопствениците на домашни миленици имале подобри когнитивни резултати од оние кои немаат. Овој ефект е забележан само кај луѓе над 65 години, кога симптомите на деменција обично почнуваат да се појавуваат.
Ако некое лице од таа возрасна група имало домашно милениче пет години, тој постигнувал подобри резултати во среднорочно и долгорочно помнење на зборови од врсниците кои немале миленичиња.
Ова откритие е само врска, а не јасен доказ дека „ефектот на домашно милениче“ навистина постои, забележуваат научниците.
Бројни истражувања покажаа дека домашните миленици се добри за здравјето, а постојат и многу теории зошто е тоа така.
Сопствениците на кучиња, на пример, се принудени да шетаат за своите миленици, а секојдневното вежбање е поврзано со здравјето на мозокот и функционално подолг живот.
Познато е и дека животните внесуваат нови бактерии во домаќинството, кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем, особено цревата. Или миленичињата едноставно нè прават среќни бидејќи студиите сугерираат дека нивното присуство ја намалува осаменоста и стресот.
Во староста може да биде поважно отколку во помлада возраст. Докажано е дека изолацијата може да ја промени структурата и функцијата на мозокот.
И додека многу студии досега се фокусираа на тоа како сопственоста на кучиња и мачки влијае на емоциите и физичкото здравје, малкумина истражуваа како тие влијаат на мозочните способности.
Научниците од Мичиген веруваат дека тоа е така затоа што е потребно подолго време за да се покажат позитивните ефекти на домашните миленици врз нивните когнитивни способности.
Нивното истражување беше објавено во списанието Journal of Aging and Health.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје17 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Временска прогноза17 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза2 дена
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина22 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Магазин2 дена
Големи отпуштања во Amazon: Одделот за испорака на беспилотни летала на Prime Air е на пат