Следете не

Свет

Официјално: Игуаин е нов играч на Челзи!

Објавено пред

на

Маурицио Сари потврди дека аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин е нов играч на лондонскиот клуб.

Сари потврди дека сега веќе поранешниот фудбалер на Милан, ќе се пресели на Стемфорд Бриџ. Италијанскиот тренер има само пофални зборови за Аргентинецот со кого што соработуваше во Наполи.

Игуаин денес ќе потпише договор, но нема да игра утре против Тотенхем – изјави Маурицио Сари и додаде:

Тој е одличен играч. Посебно беше импресивен во мојата прва сезона во Наполи. Без дилеми, тој е еден од најдобрите напаѓачи кои сум ги тренирал во мојата кариера. Има се што е потребно за да успее овде. Се надевам дека ќе постигнува голови тука. Помина низ тежок период, но се надеваме дека ќе го вратиме во вистинската форма – изјави Маурицио Сари.

Свет

Кинески астронаути пристигнаа на вселенската станица

Објавено пред

на

Кинеските астронаути пристигнаа во вселенската станица каде треба да престојуваат рекордни шест месеци, објави државниот CCTV.

Вселенското летало Шенжоу-13 со тројца членови на екипажот полета вчера од пустината Гоби, а неколку часа подоцна астронаутите слетаа на вселенската станица.

Кинеската вселенска агенција објави дека лансирањето е успешно и дека астронаутите се добро.

Тричлен тим, една жена и двајца мажи, ќе имаат три прошетки во вселената за да инсталираат опрема како дел од подготовките за проширување на станицата.

Кина планира да испрати повеќе екипажи до станицата во следните две години за да биде целосно функционална.

Извор: Danas

Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Свет

Втор ден по ред, Русија има рекорден број на нови и смртни случаи од корона

Објавено пред

на

Денес, втор ден по ред, во Русија истовремено се евидентираат рекорден дневен број на нови случаи на „Ковид-19“ и број на смртни случаи од оваа болест.

Во Русија, денеска беа пријавени 33.208 нови случаи, што е рекорден број на лица заразени со Ковид 19 трет ден и рекордни 1.002 смртни случаи, е првпат од почетокот на пандемијата да дневниот број на смртни случаи од коронавирус надмина 1.000, соопшти кризниот штаб.пренесува ТАС С.

 

Со 1.002 смртни случаи денеска, во споредба со рекордни 999 претходниот ден, вкупниот број смртни случаи од корона вирусот достигна 222.315, објави рускиот кризен штаб.

Како што беше објавено, последниот ден во земјата се регистрирани 33.208 случаи на ковид -19, што е најголем број досега во пандемија и трет рекорден дневен број по ред, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 754.162.

Извор: Nova

Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Свет

Смртоносна експлозија во Џамија во Авганистан, медиумите известуваат за најмалку 60 загинати и 107 повредени

Објавено пред

на

Најмалку 60 луѓе загинаа, а повеќе од 107 се повредени во експлозија денеска во џамија во авганистанската провинција Кундуз, соопшти арапски безбедносен извор Ал Џезеира. Претходно, локалната полиција соопшти дека најмалку 100 луѓе загинале и биле повредени во експлозијата.

Претставници на талибанската полиција велат дека експлозијата била насочена кон шиитски муслимани во северен Авганистан. Агенцијата АП ги цитира зборовите на полицискиот службеник, кој рече дека „повеќето жртви починале“.

Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата во Кундуз. Очевидци велат дека експлозијата се случила за време на традиционалната петочна молитва, што е најважно во текот на неделата.

Веста за експлозијата ја потврди и портпаролот на талибанците Забихула Муџахид.

„Експлозија се случи попладнево во џамијата на нашите шиитски сонародници, при што загинаа и беа ранети голем број наши сонародници“, рече тој на Твитер, додавајќи дека специјалната единица истражители пристигнала на местото на настанот.

Извор: balkans.aljazeera.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МагазинПред 3 часа

Прелистувањето на интернет на мобилни уреди никогаш не било полесно и поточно

Се проценува дека новиот начин на прикажување на резултатите од пребарувањето ќе го зголеми просечно бројот на прегледани страници. Google...

МагазинПред 3 часа

Зошто Netflix влегува во сферата на видео игрите?

Netflix ги избра видео игрите како едно од своите најважни деловни потфати. Netflix gaming Netflix почнува да произведува видео игри,...

Временска прогнозаПред 5 часа

Уште денес променливо облачно, од утре сонце и стабилизација

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Особено во...

ХороскопПред 15 часа

Денешен Хороскоп (18 октомври) понеделник

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

МакедонијаПред 23 часа

Ова се денешните Ковид бројки по градови

Во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 178...

МакедонијаПред 1 ден

Утрово земјотрес детектиран во северозападниот дел на Македонија

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка скала, утрово околу 7.23 часот беше почуствуван во Маврово и околината....

Здравје и убавинаПред 1 ден

Десет намирници за спас од болки за вашето грло

Болката во грлото е чест и непријатен здравствен проблем во постудените денови. Најчестите причини се вируси или бактерии, но иритациите...

Временска прогнозаПред 1 ден

Облачно уште денес, од утре повеќе сончеви периоди и покачување на дневните температури – Ова се деталите..

Уште денес ќе имаме пооблачно време, локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер...

На денешен денПред 2 дена

На денешен ден (17 октомври)

1797.- Во италијанското село Кампоформио кај Удине, потпишан мировен договор меѓу Австрија и Франција, со што се укина Венецијанската република....

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес (17 октомври) недела

ОВЕН Нема да направите грешка доколку строго се придржувате до работата и обврските викендов. Ако одлучите да ја помешате работата...

НАЈЧИТАНИ