Следете не

Култура

(ВИДЕО) Во етер најновиот „Инструментал 2019“ на НОТА Бенд од Кичево во живо!

Avatar

Објавено пред

на

Нашиот единствен бенд од млади и талентирани момчиња од Кичево кој како состав постои скоро 4 години, предводејќи од мајсторите во својата дејност – Христијан Тришоски, Илија Калески, Дејан Богданоски, Даниел Божиноски и Бојан Кузманоски од богатата архива за која напорно работат, денес во етер го презентираа своето прво дело „Инструментал 2019“ само за вистинските обожаватели на квалитетен звук!

Помеѓу другото, позади успешноста на „НОТА Бенд“ годинава стојат бројни настапи на свадби, свечености, генерациски средби, родендени и други веселби, како низ нашиот град така и во околината, за кој се посебно горди, изјавувајќи дека ќе го продолжат ритамот на успехот и во наредниот период кој следи!

Наскоро најавуваат уште многу нови проекти и активно враќање на музичкиот подиум.

Да имате убав ден исполнет со позитивна енергија, уживајте:

Музика

Кичевчанецот Мирослав Мирчески е победник на „Гоце Фест“ 2020

Avatar

Објавено пред

на

Костадин Крстески (лево), Мирослав Мирчески (средина), Кристијан Јовановиќ (десно)

Младиот кичевчанец Мирослав Мирчески со неговата песна „Македонски Гордо Оди“ е овогодинешниот победник на „Гоце Фест“ 2020 година.

31-то издание понуди нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика од богатото историско минато на македонскиот народ.

Учество на фестивалот имаа врвни македонски музички имиња од фолк сцената, како и млади интерпретатори, меѓу нив ќе ги споменеме: Круме Спасовски, Виданка Ѓоргиевска, Ѓоко Дончев, Славка Младеновска, Серафина Фантаузо, Ванчо Тарабунов, Јулија, кичевчаните Дарко Стојаноски и Мирослав Мирчески, Рени, Кристијан Демјански и др.

Како што е познато Фестивалот „Гоце Фест“ започна во 1990 година, во чест на денот на раѓањето на големиот македонски патриот Гоце Делчев, 4-ти февруари.

Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора “Гоце Делчев”, а директор е Пеце Здравковски.

Прочитај повеќе...

Култура

Утрена богослужба и Света Божествена Литургија во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево

Avatar

Објавено пред

на

На ден 15.02.2020 (сабота). Богородичен празник – Сретение Господово ќе се отслужи Утрена богослужба и Света Божествена Литургија во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево.

Светите отци велат дека Сретение е денот за средба со Христа од каде што ја црпиме среќата. Затоа среќата е заедница со ближните и Бога, а таа заедница е токму во Литургијата.

Тоа ќе го направиме ако бидеме сите заедно на богослужбата која почнува во 7:30 часот, а Литургијата од 8:30 часот

Стои во објавата на Кичевската Парохија

Прочитај повеќе...

Култура

Втора ревија на македонски филмови „Златна рамка“

Avatar

Објавено пред

на

Дваесет и два филма од минатата година ќе бидат прикажани на второто издание на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“, која под мотото „Во наш филм“ ќе се одржува од денеска до 16 февруари во Младинскиот културен центар.

Филмовите што ќе бидат прикажани се во три програмски целини – долгометражни, краткометражни и документарни. Публиката ќе има можност да ги проследи заедно со нивните автори и да учествува во дискусиите што се предвидени по проекциите кои се бесплатни.

Организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар.

– „Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика, која ќе има можност да ги погледне сите домашни филмови од минатата година, од кои некои не се прикажуваат на редовен репертоар во киносалите. Домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските работници ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа, соопшти ДФРМ.

Покрај тридневната ревија на македонскиот филм од изминатата година, на „Златна рамка” ќе бидат одржани и Свечено собрание на ДФРМ, промоција на брошурата „Прирачник за филмаџии“, презентација на МЕДИА Деск Македонија на тема „Како се евалуираат проектите на Медиа?“ и трибина насловена „Жената во македонскиот филм“.

Ќе бидат доделени и почесните награди за филмските професионалци: најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МагазинПред 8 часа

Фчерашни новости ќе формираат циркус за да им парираат на политичарите

Факт е дека веќе подолг период ниту еден циркус не гостувал во нашата држава. Можеби причината за тоа е дека...

ХороскопПред 10 часа

Хороскоп за денес (21.02) петок

Oвен  Денес е поволен ден за подобрување на работите на љубовен план. Ако сте во врска, веројатно вашата врска ќе...

ВидеоПред 13 часа

(ВИДЕО) Ова болеше: Мачето на Лила Филиповска се галеше се додека…

Нашата топ ТВ дива ценетата Лила Филиповска речиси и да не очекуваше ваква работа од куќниот-љубимец. View this post on...

Здравје и убавинаПред 15 часа

Природен сок против камен на бубрег

Камењата во бубрег најчесто се состојат од калциум, а можат да бидат предизвикани од премногу сол во исхраната што стимулира...

КичевоПред 17 часа

Кривична за косовар кој со уште четири лица одзеле накит во кичевска златара

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(41) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

МакедонијаПред 22 часа

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од пратка со потекло од Колумбија наменет за Словенија

 За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од...

СлучувањаПред 22 часа

Трагедија во рудник во Прилеп, почина работник

Несреќа со трагична последица се случила вчера околу 11:15 часот во рудник во Прилеп. Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп,...

СпортПред 22 часа

Хуго Лорис: Не е време да бараме изговори

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, по дуелот со Лајпциг во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите (0:1),...

МакедонијаПред 22 часа

Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Временска прогнозаПред 22 часа

Најмногу дожд во Охрид и Лазарополе, на Шапка 3 сантиметри снег

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Охрид и Лазарополе – три литри на метар квадратен, како и...

НАЈЧИТАНИ