Забава Занимливости

Фановите забележаа интересен детал на фотографијата на Гоергина и Роналдо (ФОТО)

Кристиано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез повторно се наоѓаат во центарот на вниманието во шпанската јавност.

Еден од најдобрите играчи во светот и неговата девојка синоќа уживаа на вечера во Мадрид, а многу прашина во јавноста крена фотографијата на Гоергина на Инстаграм. Таа објави дека е во друштво на нејзината омилена личност, но многумина забележале нешто друго.

Речиси невозможно е да не се забележи новиот прстен на левата рака. Веднаш по нејзината објава настана хаос на социјалните мрежи и многумина се сигурни дека Роналдо синоќа одлучил да ја запроси својата девојка со која има едно дете

По многуте девојки изгледа дека Георгина е единствената која успеа да го „украде“ Роналдо. Новиот дијамантски прстен не се гледа баш најдобро, но сигурно дека Роналдо не штедел за да ја импресионира својата девојка и иднината сопруга.

Close