Без категорија
Интересни факти за виното
Иако Италија е најголемиот светски произведувач на вино, Италијанците се дури на третото место по конзумирање. Пред нив се Французите со 8,14 литри вино по човек годишно и Португалците со 6,65. Хрватска и Андора се на четвртото и петото место.
Некои истражувања покажуваат дека жените кои редовно и умерено конзумираат квалитетно вино полесно одржуваат здрава телесна тежина, отколку жените кои воопшто не пијат вино.
Виното содржи толку многу органски хемиски соединенија, што неговиот состав се смета за покомплексен од крвниот сериум.
Најстарите докази за произвотство на вино доаѓаат од исток. Неодамнешните археолошки истражувања во Турција, Сирија, Либан и Јордан отриле семки од грозје кои се смета дека датираат од 8000 години п.н.е. Најстари семки од култивирани винови лози се пронајдени во Грузија.
Постојат над 10 000 врсти грозје од кои се произведува вино ширум светот.
Годината назначена на винската етикета покажува дека најмалку 95% од виното е произведено од грозје собрано токму таа година…
Во една чаша вино има 80 – 100 калории во зависност од составот. На пример суво вино како Совињон Бланк содржи 2 грама јаглехидрати, додека десертно вино може да има и до 12 грама.
Без категорија
Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)
Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.
Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.
YouTube will now block users from watching videos after they watch 3 videos with their ad blocker enabled. pic.twitter.com/beXsoecju2
— Information Worldwide (@InfoEarthwide) July 1, 2023
Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.
Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?
Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!
Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Македонија2 дена
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево2 дена
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево5 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Спорт2 дена
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle2 дена
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево11 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед