Следете не

Без категорија

(ВИДЕО) Интересно Ауди со осум слоја специјален премаз, менува различни нијанси на бои

Објавено пред

на

Аудито кое нема да ве остави рамнодушни, каде има голем избор на нијанси на бои, односно вакво нешто скоро никогаш не се гледа!

Како што дознаваме, се работи за чувствителна температурна боја, која се заснова на течни кристали кои ја менуваат бојата во зависност од температурата.

Како резултат, овие бои се далеку почувствителни на температурни промени отколку што сме навикнати.

Ауди во прилог доби осум слоја специјален премаз, а потоа го извадија на сонце и …

Погледнете во продолжение:

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 4 часа

На денешен ден – 25 јули

1261 година – Михаил VIII Палеолог повторно го освои Цариград и повторно го прогласи за главен град на Византија. Градот...

ХороскопПред 6 часа

Денешен Хороскоп (25 јули) недела

ОВЕН Денот е идеален за тестирање на сопствените верувања и размислување за подобар животен стил. Слободно размислете за сè што...

Здравје и убавинаПред 8 часа

Овие намирници ќе ви помогнат за подобрување на нивото на холестерол

Како што веќе знаеме храната има директно влијание врз многу аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето на срцето. Но,...

МакедонијаПред 12 часа

Попоски најавува нов и подолг топлотен бран со температури и до 45°C

Топлотниот бран кој е со потекло од југ (северните предели на Африка) и кој ќе ја зафати нашата територија следната...

МагазинПред 15 часа

Лозаноска: Сонот ми е остварен, мојата „vintage“ продавница за рачно изработен накит и модни додатоци е отворена!

На 21-ви јули во Скопје блесна „Леана“, нов продажен салон за рачно изработен накит и модни додатоци. Се наоѓа во...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (24 јули) сабота

ОВЕН Се чувствувате подготвени да прифатите дополнителна работа што може да биде отскочна даска за вас и која може многу...

СветПред 2 дена

Повеќе од 200 американски официјални лица добија мистериозна болест, ЦИА ја повикува Русија

Околу 100 вработени во ЦИА и членови на нивните семејства се меѓу 200-те американски службеници кои страдаат од мистериозниот синдром...

СветПред 2 дена

Автомобилот Тесла повторно ќе може да се купи со биткоин

На иницијатива на нејзиниот сопственик Илон Маск, компанијата Тесла, која произведува електрични автомобили, неколку пати го смени ставот кон криптовалутата...

СветПред 2 дена

На прагот на новата ера на откривање – НАСА ги објави плановите за Марс

Rover Perseverance се подготвува да го собере првиот примерок од карпи од Марс, објави во средата американската вселенска агенција. Собирањето...

Временска прогнозаПред 2 дена

Продолжува стабилното време со мала локална облачност, од недела многу топло, ова се деталите..

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Повремено ќе има услови за изолирана...

НАЈЧИТАНИ