Македонија Случувања

Жена од Кичево пронајдена мртва покрај “Зајашка Река”

Исчезнатата И.М. 60 години од Кичево, која минатиот вторник го напуштила својот дом и од кога и се губи секаков траг, денес околу пладне е пронајдена мртва во водите на Зајашка Река, во близина на дивата градска депонија.

Телото закачено за гранки го забележал случаен минувач, кој ги алармирал најблиските и Полициската станица Кичево.

Во текот на денешниот ден на лице место ќе излезат јавен обвинител и претставници на полицијата, за да утврдат за кое лице се работи и кои се причините за смртта. Инаку безживотното тело било во облека, истата онаа во која го напуштила својот дом исчезнатата И.М. минатиот вторник.

Leave a Comment