Проодноста на патните правци по врнежите од снег
РЦУК – Тетово, известува дека по извршените контакти со одговорните лица од ЕЛС, Полициските станици и од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта добиена е информација дека во поголемиот дел од Северозападниот регион, Тетово и Гостивар, состојбата со локалните и регионалните патни правци е редовна.
Во Тетовскиот реон, на повисоките населени места по коловозите има остатоци од снег кои го отежнуваат сообраќајот и за движење по истите потребна е зимска опрема. Патниот правец с.Стенче – с.Гургурница (опш.Брвеница) е прооден, а истиот го расчитувала екипа од ЕЛС од утринските часови. Истата екипа сеуште е на терен поради тоа што во тој реон има појава на силни ветрови кои би можеле да нанесат навеви од снег на коловозот. И патните правци кои водат до високопланинските села од Општина Тетово се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови.
Во општина Маврово-Ростуше, на некои места има наврнато и околу 80 см снег. Паднати биле десетина дрвја кои го попречуваа сообраќајот. Екипа од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта со моторна пила од утринските часови е на терен и постапно ги сече и одстранува паднатите дрвја. Паните правци моментално се чистат по приоритет. Возило од Македонија пат моментално почнува со чистење на патот околу Мавровско езеро од кај страната на Бунец. Поради големите наноси на снег се очекува чистењето на патиштата да потрае подолго време. По извршениот контакт со одговорното лице од ЕЛС Маврово добиена е информација дека во најголем дел локалните патни правци се проодни. Проблеми има во Мавровскиот дел додека во Ростушкиот не се забележани проблеми и таму количината на паднат снег е драстично помала.
РЦУК – Скопје, известува дека според добиените информации од контакт лицата во општините во скопскиот регион, во планинските делови во општините Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково има остатоци од кашест снег кој се топи, патиштата се проодни и нема никаков застој во одвивање на сообраќајот во тие делови.
РЦУК – Велес, известува дека во општина Кавадарци на повисоките места има снег и тоа: на Витачот има 25 сантиметри и кај Михајлово 50 самтиметри. Според известувањето од ТППЕ Кавадарци, кај излетничкото место Михајлово има 3 пожарникари со 1 теренско возило и со 2 моторни пили кои одстрануваат гранки од дрвја. На расчистување на патот работат екипи ангажирани од ЕЛС Кавадарци, и од 09:30 часот, патот за Михајлово е прооден по 1 лента, а се работи и на целосно расчистување.
Во општините Велес, Свети Николе и Неготино има врнежи од дожд и патните правци се проодни.
РЦУК – Битола, известува во општина Битола, се работи на расчистување на патниот правец кон Хотел „Молика“ и Ски центарот Ниже Поле. Останатите патни правци во општините Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево се проодни.
РЦУК – Струмица, известува дека во општина Гевгелија, на патниот правец Гевгелија – с.Фурка има одрон на патот и на расчистување на истиот работат од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Останатите патни правци во општините Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија и Дојран) се проодни.
РЦУК – Охрид, известува дека во општините Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Дождот кој во моментов е активен во регионот го стопи снегот на патиштата и нема проблеми во сообраќајот.
РЦУК – Куманово, известува дека во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. Засега немаат информации за непроодни локални патни правци во планинските места.
РЦУК – Штип, известува дека во општините Штип, Кочани, Пробиштип, Делчево, Македонска Каменица, Берово и Виница, сите патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови и по влажни коловози.
АМСМ известува дека на ден 01.12.2024 година, вo 07:50 часот, на магистралниот пат А2 Охрид – Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно, сообраќајот за Тешки товарни возила e нормализиран.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.
Од УХМР во 08:30 часот добиени се следните информации:
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за 24 часа, до 07:00 часот (во l/m2):
127 Демир Капија; 96 Попова Шапка; 81 Гевгелија; 79 Кавадарци; 69 Прилеп; 61 Битола; 55 Пожаране; 52 Струмица; 48 Скопје-Петровец; 43 Штип; 42 Маврови Анови; 39 Куманово; 35 Претор; 34 Берово; 33 Тетово; 29 Скопје-Зајчев Рид; 27 Дебар; 25 Велес; 18 Охрид, Виница; 15 Крива Паланка.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07:00 часот (во сm):
61 Маврови Анови; 44 Крушево, Попова Шапка; 15 Дебар; 14 Претор; 7 Берово; 4 Битола.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Извор: ЦУК