Следете не

Спорт

Времеплов: Историја на Светското првенство: Магија од Роналдињо и патот на Кан од херој до трагичар (ВИДЕО+ФОТО)

Објавено пред

на

Веќе сме на прагот од почетокот на Светското првенство 2018 кое ќе се игра во Русија. Официјалниот почеток и првиот натпревар се за два дена, па во чест на најновата и веројатно најспектакуларна прослава на фудбалот која фудбалскиот свет ја искусил досега, нудиме уште малку ретроспектива и сеќавања од минатите изданија на Мундијалот.

Овој пат годината е 2002, а локацијата е комбинирана – Јапонија и Јужна Кореја. Еве што го одбележа тоа издание на Светското фудбалско првенство.

СЕНЕГАЛ ЈА ШОКИРАШЕ ФРАНЦИЈА НА СТАРТОТ

Четири години после неславниот крај на Светското првенство во Франција, Роналдо се врати во Јапонија и Јужна Кореја во полн сјај и со фризурата на годината доминираше на теренот и им ја донесе титулата светски прваци на своите сонародници. Бразилците тогаш потврдија дека Европјаните можат да сметаат на трофеј исклучиво на нивниот континент, а во четвртфиналето, за прв и единствен пат во историјата на мундијалите, играа репрезентации од Европа, двете Америки, Африка и Азија.

Одиме со ред, од почеток. Мундијалот на истокот од Азија почна порано од вообичаеното, а стартот го разубави дебитантот Сенегал кој ги растури светските и европски прваци, Французите. Сенегалците предводени од Ел Хаџи Диуф, на изненадување на сите, подоцна стигнаа до четвртфиналето, па никој не можеше да претпостави дека оваа африканска селекција нема пак да игра на Светското првенство сè до оваа година.

Французите со еден бод и без ниту еден постигнат гол останаа на дното од групната табела и го забележаа најслабиот настап на од сите бранители на титулата во историјата на Светското првенство. Данска го освои првото место во групата, додека Шведска заедно со Англија минаа низ групата на смртта, од која испаднаа Нигерија заедно со првиот фаворит на турнирот, Аргентина. Швеѓаните подоцна испаднаа од Сенегал преку златниот гол на Анри Камара, додека Англичаните ги поразија Данците.

Изненадувањето на претходниот Мундијал, Хрватска, која беше трета во Франција, во 2002 не успеа да ја помине ниту групната  фаза.

ФЕНОМЕНАЛЕН ГОЛ НА РОНАЛДИЊО

Најдобриот гол на турнирот го даде дуелот меѓу Англија и Бразил, а режијата за пресврт ја презеде Роналдињо, упатувајќи шут од слободен удар од скоро 40-тина метри. Дејвид Симан се спремаше за центаршут, но доцна сфати дека топката оди право под пречката за голема радост на бразилските навивачи.

На ова Светско првенство Бразилците, генерално, имаа лесна задача бидејќи беа сместени во група со Турција, Костарика и Кина, а потоа во нокаут фазата ги победија Белгијците и уште еднаш Турција во полуфинале. Токму Турците, заедно со Сенегалците, беа најголемото изненадување и атракција на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја. Го фасцинираа светот со квалитетна игра, која ги доведе до одличното трето место во светски рамки. Тимот го предводеше Хакан Шукур, а тука беа и одличниот голман Рушту, Емре, Умит Давала, Хасан Шаш и компанија.

Во дуелот за третото место Турција беше подобра од еден од домаќините, Јужна Кореја, која претходно исфрли неколку европски екипи. Прво, во групната фаза, ги надиграа Полска и Португалија, а потоа ги елиминираа гигантите Италија и Шпанија. Овие дуели останаа запаметени по жалбите на Шпанија и Италија на судиските водења на натпреварите, а уште порадикален чекор направи газдата на Перуџа,Лучијано Гаучи, кој го отпушти од својот тим стрелецот на победничкиот златен гол за Јужна Кореја против Италија, Јунг-хван Ан. Кореанците подоцна беа запрени од Германците во полуфиналниот дуел.

И Германија лесно мина во групната фаза, каде славеше со 8:0 против Саудиска Арабија. На тој дуел пет гола постигна фантастичниот Мирослав Клосе, а кој не успеа да постигне ниту еден гол во преостанатите натпревари на Светското првенство, иако Германија стигна до големото финале. Ги победија и Американците, Парагвајците и Кореанците, но во финалето едноставно беа немоќни пред Бразилците. Во текот на Мундијалот Германија беше носена на крилата од фантастичните одбрани на Оливер Кан, кој подоцна беше прогласен и за најдобар играч на Мундијалот. Но, истовремено, во финалето тој беше трагичар за својата репрезентација, подарувајќи му погодок на Роналдо.

ОСУМТЕ ГОЛА НА РОНАЛДО

Во финалето Роналдо постигна два гола, заокружувајќи го својот голгетерски учинок на осум мундијалски погодоци, а освен по одличната игра, тој ќе остане запаметен и по необичната фризура од тоа првенство.

„Тогаш ја влечев повредата на ногата за која сите зборуваа. Одлучив да се пострижам и да го оставам тој мал детал. Дојдов на тренинг и одеднаш сите почнаа да зборуваат за мојата нова фризура. Сите толку беа преокупирани со мојата фризура, што заборавија на мојата повреда. Мене тоа ми даде спокој и ми овозможи повеќе да се фокусирам на тренинзите. Не сум горд на таа фризура, знам дека беше чудна, но тоа беше начин да го тргнам вниманието од повредата“, неодамна објасни фудбалската бразилска легенда.

Ривалдо и Клосе го поделија второто место на листата на најдобри стрелци со по пет гола, а Јон Дал Томасон од Данска и Кристијан Виери од Италија беа трети со по четири погодоци.

Уште еден интересен податок е дека финалниот дуел помеѓу Бразил и Германија, истовремено, беше и прва средба на овие два фудбалски мастодони на некое Светско првенство, иако станува збор за репрезентации кои имаат играно на најмногу такви турнири, имаат најмногу одиграни натпревари и најмногу завршници на мундијалите.

Бразилците ова Светско првенство го завршија супериорно, со сите седум победи од седум одиграни натпревари, иако на истото се пласираа со многу среќа, во последното коло од квалификациите.

Спорт

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој ќе се одржи во Умаг, Хрватска. Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и САД до 18 години.

Во групата А од меѓународниот турнир се наоѓаат селекциите на Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора. Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на 2. април со почеток во 18. часот.

Во второто коло кое е на програмата на 3. април играме со домаќинот Хрватска, во 18. часот. На 5. април, со почеток во 13. часот ќе играме со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.

Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Кристијан Гавровски, Давид Тоневски, Петар Постоловски, Матеј Митровски, Марко Јанушев, Петар Каров, Драган Цветковски (голман), Убејд Бериш, Стефан Апостолоски, Илија Јанкуловски, Ивица Ангелески, Марио Јанев, Никола Стоимировски, Алек Тошевски (голман)

Прочитај повеќе...

Спорт

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Објавено пред

на

©ФФМ

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките на Купот на Македонија за млади категории.

Натпреварите од полуфиналето на Купот за младинци ќе бидат одиграни на 16, 17 и 18 април.

Се игра по еден меч, доколку заврши нерешено се пристапува директно кон изведување на пенали.

РАСПОРЕД:

Младинци:

Пелистер – Беласица

А.П. Брера – Македонија Ѓ.П.

Кадети:

Шкупи – Шкендија

Брегалница – Вардар

Пионери:

Пелистер – Работнички

А.П. Брера – Шкупи

Помлади пионери:

А.П. Брера – Шкендија

Пелистер – Победа

Прочитај повеќе...

Спорт

Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″

Објавено пред

на

ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.

Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.

На самиот старт на средбата, Силјановски постигнува гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запишува во листата на стрелците и ги поставува конечните 3:0.

МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров,  Андреј Силјаноски;

Селектор: Вујадин Станојковиќ.

Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.

Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево7 часа

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Доцна ноќеска на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа, која како што дознава...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт18 часа

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт18 часа

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево21 час

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево1 ден

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин1 ден

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин1 ден

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево2 дена

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

НАЈЧИТАНИ