Следете не

Живот и стил

Истражувањата покажуваат дека и пивото е лек за несоница

Avatar

Објавено пред

на

Секоја втора возрасна личност во Европа, меѓу кои вклучувајќи ги и жените, имаат проблем со несоница.

Според истражувањето од универзитетот од Регенсбург проблемите се зголемуваат од 45-тата година. Навиката навечер да се пие пиво или вино за подобро заспивање е многу распространето. ”Тоа е апсолутна самоодбрана”, вели професорот Банкхофер.

Факт е дека под дејство на алкохол секој човек после саат време прави пријатно чуство на опуштање од замор, кои навистина може лесно да потоне во сон. Меѓутоа, за здрав ноќен одмор потребен е индивидуален след од неколку фази на сон. Првата фаза се јавува пред да потонете во сонот, потоа следи фазата на лесно спиење, потоа фазата на длабок сон и конечно РЕМ (Rapid Eye Movement ). Оваа фаза алкохолот значително ја пореметува.

Последица на внесување алкохол е следната: во првата половина од ноќта човекот спие како во кома,и во сонот не може да се оправува и регенерира. Во утринските часови сонот е немирен и во таа фаза човекот лесно се буди и повеќе не може да заспие. Од телото, а пред се мозокот, поради дејство на алкохол во текот на ноќта не може да изгради нова сила, човек наутро се чуствува како солемен и способноста за работа е ослабена. Често, една чаша пиво или вино е доволна за квалитетот на сонот да биде намален.

Професор Банкхофер наместо алкохол предлага за добар сон да внесете лесна храна, за да се избегнат касните оброци, дека по 19 часа не се консумираат пијалоци кои содржат кофеин, пред спиење се слуша пријатна музика или се чита книга.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Што прават успешните луѓе после работа?

Avatar

Објавено пред

на

Сите имаме некакви навики по завршување на работните обврски, но што точно прават оние најуспешните? Хафингтон пост, се обиде да ги собере одговорите од најмоќните луѓе на светот, па пренесуваме дел од нивните совети.

Исклучување

Тоа значи дека по напуштањето на канцеларијата потребен ви е вистински одмор, па и да е само еден час. Исклучете се целосно и од мобилните телефони и од компјутерот. Не мора да значи дека ќе спиете, може да испиете кафе со пријател/ка, но без погледнување на телефонот или проверување на електронската пошта.

Излегување на пијалак

Умерената консумација на алкохол не може да ви наштети, па опуштање со еден пијалак добро ќе ви дојде.

Секс

Сексот го намалува крвниот притисок, така што се намалува ризикот од срцев удар и рак на простата, а го подобрува сонот. Сексуалната активност намалува одредени заболувања.

Свирење инструмент

Алан Русбрингер, уредник на Гардијан, секојдневно успева во распоредот да вметне дваесетминутно свирење на пијано. На тој начин се опушта и добива поголема мотивација за работа. Тоа не мора да биде токму пијано, туку било кој инструмент е добредојден, па и да сте почетници. Но, треба да знаете и дека слушањето добра музика, дејствува добро на расположението.

Екотерапија

Ова не е ништо комплицирано, едноставно прошетка или пикник на чист воздух.

Квалитетен сон

Ова не треба дополнително да се споменува, но оптимални часа на спиење морате да пронајдете.

Семејство

Дружење со семејството или со блиските пријатели секогаш доаѓа добро по напорниот работен ден. Не ги заборавајте, тие се секогаш тука кога нешто не ви оди како што треба.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Мислите на едно двегодишно дете

Avatar

Објавено пред

на

Американскиот писател и комичар Џејсон Гуд следејќи го својот 2 годишен син, се обидел да сфати за што тој размислува. Прочитајте што сè е „врзано” во главата на едно две годишно детенце.

Сакам да си играм со на тато телефонот! Сакам да ги облечам на мама чевлите. Соблечете ги мамините чевли! Сакам да го отварам и затворам термосот. Сакам да го уклучувам и исклучувам светлото на микробрановата печка. Дали тука има уште некој со чиј телефон не сум си играл? Морам да притискам некои копчињаааа!

Сакам да ја подигнам мачката држејќи ја за врат. Сакам да ги фрлам сите четки за заби во мијалникот. Ужас, гладен сум! Мразам овошје! Сакам да станам од столицата. Сакам да си играм со iPad-от. Сакам надвор. Би ги соблекол панталоните. Не ми се допаѓа маицата која ја носам.

Сакам да си играм со телефонот на мама, морам да притискам некои копчиња!!!

Жеден сум! Не, сепак не е тоа. Супер, тетрапак сок. Сега ќе го притиснам и ќе се полијам. Каде е тато? Каде е мачката? Каде е мама? Мама си отиде засекогаш. Ух, еве ја мама. Сакам да си играм со нејзиниот телефон.

Повторно сум гладен. Нема врска. Соблечете ми ги овие панталони. Не ми ги соблекувајте панталоните. Умирам од глад. Сакам грав, но не знам како да кажам. Конечно грав. Сакам да ги фрлам зрната грав. Зошто овие панталони се сè уште на мене? Ох, некој дојде. Се прашувам дали има телефон.

Уморен сум. Не сум уморен. Сакам да се шетам, но не сакам да излегувам надвор. Не, не сакам да останам внатре. Одма мора да притиснам некое копче. Мразам пелени. Ме чеша окото. Оооо дали е тоа мојот прст? Престанете да се обидувате да ми ги соблечете панталоните! Ги мразам овие панталони.

Уморен сум. Престанете да ме прашувате дали сум уморен. Каде е онаа играчка која вели: Бииип! Сакам да се капам облечен. Пуштете ја мојата омилена песна. Каде е мачката? Што се случува со мојата маица? Дали се слушна куче што лае? Не се обидувајте да ми ја соблечете маицата!

Сакам да го видам кучето. Не, не надвор. Сакам да го видам кучето дома. Дали мојот пенис е сè уште тука? Добро е. Ми се мочка. Досадно ми е.

Одиме од почеток.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Не ги игнорирајте бездомниците

Avatar

Објавено пред

на

Секој ден, сè повеќе луѓе остануваат без покрив над главата. Судбините на луѓето се најразлични, но какви и да се тие, секогаш ќе бидат исти како и нас… луѓе. Единствената разлика е што ние имаме каде да преспиеме, а тие немаат.

Уште во 2005-та Обединетите нации предупредија дека во светот има преку 100 милиони бездомници и уште една ипол милијарда луѓе коишто немаат соодветни домови. Оваа година бројката се проценува дека е порасната на нешто околу половина милијарда луѓе коишто се бездомници.

Затоа, кога се нервирате за лошата интернет конекција, за тоа што немате пари за црвените чевлички и петардите за нова година, помислете дека веќе на следниот агол потскриен од дождот и ветрот еден бездомник се обидува да заспие на студот. Тој нема ништо.

Не го чекајте 10 октомври, светскиот ден на бездомниците, искористете ги социјалните центри, црвениот крст и информирајте се како да им подарите стара облека, храна или нешто слично коешто ќе им помогне.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 7 часа

Денес 112 новозаразени од Ковид-19, 8 починати

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 46...

МагазинПред 8 часа

Маргаринот и не е толку нездрав продукт

Маргаринот долго време е на тапет дека е нездрав продукт. Но, во последните месеци нутриционистите се обидуваат да го спасат...

КичевоПред 8 часа

Двајца повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар вчера

На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко...

ЗабаваПред 9 часа

Кога е вистинско време за кафе?

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот,...

Живот и стилПред 9 часа

Што прават успешните луѓе после работа?

Сите имаме некакви навики по завршување на работните обврски, но што точно прават оние најуспешните? Хафингтон пост, се обиде да...

Здравје и убавинаПред 9 часа

Газираните пијалаци го уништуваат мозокот

Долготрајното пиење на газирана вода ги менува хемиските процеси во мозокот и влијае на однесувањето. Газираните пијалаци го уништуваат мозокот,...

МагазинПред 9 часа

Жените кои глумат оргазам повеќе се наклонети кон неверство

Иако мажите често се обвинети за глумење во креветот, жените се оние кои предничат кога станува збор за лажирање оргазам....

МакедонијаПред 12 часа

Утринава 17 припадници на АРМ имале тешка сообраќајна несреќа

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и...

ХороскопПред 21 час

Хороскоп за денес (29.09) вторник

Овен Се занимавате со ситници кои не ви одат од рака. Морате да се подготвите за посилно  темпо на работа,...

Временска прогнозаПред 1 ден

Од ноќеска нови врнежи од дожд, ова се најновите метео информации..

Во втората половина од претстојната ноќта од запад во нашата држава ќе навлезат нови врнежи од дожд кој поинтензивни ќе...

НАЈЧИТАНИ