Македонија
Иванов ги врачи Медалите за храброст на четворица војници за нecреќата кај Ласкарци (ФОТО)

Претседателот Ѓорге Иванов им врачи Медали за храброст на четворица припадници на Армијата на Република Македонија, кои придонесоа за навременото укажување помош и извлекување на настраданите во сообраќајната нecреќа што на 13 февруари се случи кај селото Ласкарци.
Иванов ги одликуваше Семир Фета, Омер Емини, Бујамин Реџепи и Сељадин Саљихи со Медал за храброст за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност, кои со лично залагање како професионални војници и припадници на Армијата на Република Македонија придонеле за навремено укажување на помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа, што се случи кај селото Ласкарци, на патниот правец Скопје -Тетово.
Македонскиот претседател рече дека овие медали за храброст се симболичен начин со кој македонската држава и македонските граѓани ја изразуваат благодарноста.
Ја потврдивте верноста на Армијата кон македонските граѓани, спасивте човечки животи, и ја вративте надежта и вербата во добрината. Ја вративте вербата дека постои добрина во овој свет, и дека за таа добрина вреди да се бориме, секој ден и постојано“, порача македонскиот претседател.
Со вашата храброст, вие сте пример не само за другите припадници на македонската армија, туку и за целото македонско општество. На дело покажавте дека соживотот е всушност грижа за животот на другиот човек, независно од етничката, јазичната или верската припадност, рече претседателот Иванов на церемонијата на доделување на медалот за храброст.
Професионалниот војник Семир Фета, кој живее во селото Ласкарци, изрази голема благодарност до претседателот на државата за доделените медали.
„Изразувам сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакувам побрзо оздравување. Секој што би се нашол на местото би помогнал во овој случај“, изјави Семир Фета.
Текст и фото: infoMAX.mk
Македонија
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.
Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.
Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.
За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).
Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.
За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.
Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!
Македонија
Вее снег на превоите Стража и Пресека

Предмалку до нашиот медиум стигна информација од терен дека вее снег на превоите Стража и Пресека и истиот се задржува на коловоз.
Апелираме за внимателно возење, поседување на зимска опрема, како и почитување на поставената патна сигнализација за ограничување на брзина според условите на патот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје10 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина15 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот