Кичево
(МЕГАГАЛЕРИЈА) Изнесување на чудотворната икона и Пасхалната литија во Св.Богородица – Пречиста

Навистина подобен за прослава на Преблагословената Богомајка се покажа Пречистанскиот храм, украсен со сплет од најнежни цветови и озарени лица на многубројните благовесници на Пасхалната радост, што утрово се собраа да земат удел во богослужбата и во торжествената литија со познатата чудотворна Крнинска икона на Пресвета Богородица и иконата на тројцата Пречистански преподобномаченици. А најрадосни меѓу нив беа лицата на Иван Постоловски, Зоран Попоски, Кристијан Тодороски, Стојанче Станкоски, Стево Станкоски, Саше Лазарески, Даниел Данески, Бобан Арсоски, што се удостоија да ги носат на своите раце тие два чудесни образи.
Прекрасната и идилична манастирска околина беше достоен амбиент за оваа радосна поворка, која со воскресни химни Го објавуваше Победителот на смртта и Небесната слава на Неговата најсвета Мајка. Огреана, пак, од благодатта на празникот, Пречистанската Обител блескаше уште посилно, сведочејќи дека навистина е дом на Онаа која денес изобилно ги излева своите води и ги оросува со свежина верните срца.
/Bigorski.org.mk
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје9 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина13 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година