Следете не

Хроника

Извинување за апелот во врска со починатиот сограѓанин, семејството ќе ги подмири и заврши сите протоколи

Објавено пред

на

Преку нашиот портал јавно се извинуваме на семејството и најблиските на починатиот Никола Димитриевски за апелот за помош кој го објавивме без да се консултираме и да добиеме одобрение од нив. Во име на семејството, со консултација со нив, Ве известуваме дека сите протоколи ќе бидат завршени и подмирени од страна на семејството.

Уште еднаш големо извинување до фамилијата на починатиот Никола Димитриевски за тоа што направивме натпис без консултација.

Хроника

МВР со детали за страотната сообраќајка кај Охрид, загина жител на општина Желино

Објавено пред

на

На 31.05.2023 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (60) од селото Палатица, општина Желино.

Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од село Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, за јавноста известува МВР.

Прочитај повеќе...

Хроника

Трагична сообраќајка попладнево на патот Охрид-Кичево, едно лице го загубило животот, а има и повредени

Објавено пред

на

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски потврдува дека имаат пријава за сообраќајна несреќа, но повеќе информации во овој момент не може да соопшти.

Според информациите едно лице го загубило животот, а повеќе се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случила на патот Охрид-Кичево во близина на с. Ново Село (Дебрца) каде учествувале три патнички моторни возила.

Случена е сообраќајна несреќа, увидот се уште трае. Повеќе информации за сообраќајната несреќа во текот на утрешнот ден, за медиумите вели Димоски од СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Хроника

Замина доајенот на дувачките инструменти, големиот Ферус Мустафов

Објавено пред

на

Почина доајенот на дувачките инструменти Ферус Мустафов. Мустафов е роден 1950 год во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров

Веста за неговата смрт ја потврдила сопругата Јелена во разговор со „ММС“, која откри дека погребот ќе биде во Штип.

Починал минатата ноќ, а лошите вести ни ги кажаа утрово. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави.

Пред некој ден ни кажаа дека е подобар и затоа се надевавме дека ќе биде сè во ред, откри неговата сопруга за „ММС“

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

По кратко боледување денес замина во вечноста уште еден голем уметник, нека почива во мир!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за недела (11 јуни)

ОВЕН Реешението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро за вас. Успешно ќе ги решите сите деловни...

Временска прогноза7 часа

Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и...

Спорт10 часа

(ВИДЕО) BMW Motorrad го претстави новиот мотор „прототип“ – M 1000 XR

BMW Motorrad им даде на ентузијастите поглед на долгоочекуваниот прототип M 1000 XR. Овој најнов додаток на линијата M модели...

Македонија13 часа

Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат

АМСМ известува, поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (10 јуни)

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Временска прогноза1 ден

Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот,...

Спорт2 дена

„Куќа на фудбалот“ го објави списокот, ова се 27-те примените кандидати за „УЕФА“ академијата на генерација 2010

„Куќа на фудбалот“ денес пред медиумите го пласира конечниот список на 27-те примени кандидати за УЕФА академијата на генерација 2010,...

Автомобили2 дена

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили2 дена

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин2 дена

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

НАЈЧИТАНИ