Свет Случувања

Етиопија: Од желудник на пациент извадени 122 шајки, две игли, чепкалки и стакло

Лекари во главниот град на Етиопија, Адис Абеба од желудник на 30-годишен пациент извадиле 122 шајки и уште некои остри предмети.

Пациентот веќе 10 години имал ментални проблеми и пред две години престанал со терапија со лекови.

Според лекарите тоа било најверојатно причина за почеток на „конзумирање такви предмети“.

Освен 122 шајки долги по 10 сантиметри, тој проголтал и две игли, чепкалки и парчиња стакло.

– Пациентот имал среќа што острите предмети не му ја повредија слузницата ниту внатрешните органи бидејќи тоа можело да резултира со тешка инфекција, па и смрт, изјави еден од хирурзите во болницата Сен-Пјер во Аидс Абеба.

Close