Забава Занимливости

Фасцинантна глетка во Кина: Водопад преку облакодер се слева во центарот на градот (ВИДЕО)

Фасцинантниот вештачки водопад со висина од 108 метри, направен на облакодер, е вистинска атракција во Гиујанг, град во југозападна Кина.

Облакодерот Liebian Building е сместен во центарот на градот, а на дното од зградата висока 121 метар се наоѓа систем со вода од кој четири пумпи носат вода до врвот на градбата од каде вештачкиот водопад почнува да тече по едната страна од висококатницата.

Водопадот е замислен како туристичка атракција, но се „пушта“ само во посебни моменти, на 10 до 20 минути. Водопадот се снабдува со вода која се добива од рециклирана отпадна вода и дождовница.

Close