Култура
Конечно во етер летниот хит на нашиот Лозано „Јако Јако“

Култура
Lupin 2 – Продолжението на серијата пристигнува на Netflix побрзо отколку што очекувавте

Lupin 2 пристигнува. Netflix веќе најави продолжување на серијата, така што втората сезона ќе биде претставена ова лето на сервисот за стриминг.
Серијата дебитираше во јануари и се базира на романот за Арсен Лупен. Главната улога ја игра Omar Sy, кој го игра Assane Diopa, господин и крадец.
Првата сезона имаше пет епизоди и ја направија George Kay и François Uzan. Наскоро ги престигна Queen’s Gambit и Bridgerton и стана најпопуларна на платформата Netflix.
Музика
(ВИДЕО) Влатко Миладиноски посвети песна за својата ќерка во негова изведба, станува збор за безвременската „Те кажувает, бре Илиној моме“

Ова неделно попладне нашиот кичевчанец Влатко Миладиноски на својот ЈутТјуб канал објави нов видео запис од безвременската стара македонска песна „Те кажувает, бре Илиној моме“.
Како што пишува Влатко на својата фејсбук страница песната е посветена на својата ќеркичка Илина која во еден миг се појавува во видеото и пријатно ги изненади музичарите
Маестралната изведба и обработка е дело на оркестарот на братот маестро Златко Миладиноски во емисијата „7/8“
Слушнете за што станува збор и уживајте:
Култура
Св.Атанасиј – Танасовден зимен, од овој празник сѐ е полесно, нека е за многу години!

Денес на 31 јануари е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики.
На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
-
Македонија1 ден
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Кичево3 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Кичево3 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Временска прогноза1 ден
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Македонија11 часа
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Спорт3 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..