Без категорија

(ФОТО+ВИДЕО) Јана Бурческа со одличен настап на Евровизија, но дали ќе има принова?!

Македонската претставничка на овогодинешниот Евросонг, Јана Бурчевска вечерва имаше одличен настап на втората полуфинална вечер. Динамична, распеана, позитивна Бурческа одлично ја претстави Македонија.

Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта,Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија,Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина.

Годинава, Македонската радио телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија.

Директниот пренос од втората полуфинална вечер почнува од 21 часот на Македонската Радио-телевизија.

Погледнете ја исклучиво интересната најавна шпица која до самиот момент остана во тајност, што значи Јана Бурче е бремена?

https://www.facebook.com/gledytv/videos/1240830832680746/

Leave a Comment

Close