Lifestyle
Јапонски тест на интелигенција: Префрлете ги луѓето преку реката во што помалку чекори
Јапонската мозгалица која се наоѓа во продолжение компаниите во Јапонија ги користеле во текот на тестирањето на кандидатите за работа, пред десетина години кружела по интернет, но сега повторно е актуелна.
- Пред да се обидете да ја решите еве ги и правилата:
- Сплавот истовремено може да пренесе најмногу две лица.
- Таткото не смее ад остане без мајка која е во друштво на двете ќерки.
- Мајката не смее да остане без присуство на таткото во друшто на синовите.
- Крадецот не смее да остане сам со било кој член од семејството без присуство на полицаец.
- Крадецот може да остане сам на брего, нема да избега.
- Со сплавот можат да управуваат само полицаецот, таткото и мајката.
Доколку не успеавте на основа на дадените информации да ја разрешите оваа мистерија погледнете го решението во приложеното видео.
Lifestyle
Едноставна промена во вашата дневна рутина може значително да влијае на вашиот крвен притисок
Се обидувате да го намалите крвниот притисок? Секој ден седете малку помалку и ќе видите резултати, велат експертите.
Новото истражување сугерира дека седењето помалку може да направи голема разлика кога станува збор за нашето здравје.
Минатиот месец во JAMA Open Network беше објавена студија која опфати 283 постари лица на возраст меѓу 60 и 89 години, кои беа поделени во две групи. Една од нив беше контролата.
Членовите на контролната група беа вклучени во десет состаноци со тренер кој им помогна да си постават цели за поздрав живот. Членовите на втората, таканаречена група за интервенција, добија стоечко биро и монитор што ги потсетуваше да прават паузи за време на продолженото седење.
Се покажа дека интервентната група го намали дневното време поминато во седечка положба за околу 32 минути, додека контролната група немаше промени во количината на седење. Исто така, крвниот притисок на испитаниците од интервентната група беше намален, што покажува дека само 30 минути помалку седење дневно може да го подобри кардиоваскуларното здравје.
Научниците заклучија дека кај популациите со поголем ризик од кардиоваскуларни болести и поврзани здравствени исходи, мали промени во шемите на седење се доволни за да се подобри нивниот крвен притисок.
/Index
Lifestyle
Дали е подобро да се пие топло или ладно кафе?
Сигурно секогаш сте се прашувале дали е поздраво да пиете ладно или топло кафе.
Резултатите од истражувањето покажале кога кафето е поефикасно, а кога посилно делува на организмот.
Постојат неколку начини за подготовка на ладно кафе.
Ладно кафе се прави со ладна вода за да се намали киселоста и има тенденција да биде помалку кисело и понежно за вашиот дигестивен систем.
Според една студија во „Scientific Reports“, топлото кафе има повеќе антиоксиданси од ладното кафе.
PH вредноста на топлото и ладното кафе е речиси иста и се движи од 4,85 до 5,13, поради што се препорачува постудено кафе за оние кои имаат стомачни проблеми, додека во други случаи подобро е да пијат топло кафе.
/B92
Lifestyle
Трик од 20 секунди кој открива дали чоколадото е вистинско
Кога станува збор за уживање во слатките, чоколадото е прво на листата на омилени јадења. Но, дали се уживаат во сите чоколади подеднакво, како да знаете дали консумирате вистинско или лажно чоколадо?
Постојат различни трикови со кои можете да откриете дали чоколадото што сте го купиле е квалитетно или не.
Ова зависи од начинот на кој се крши, како и од звукот што го прави.
При кршење на висококвалитетно чоколадо ќе се слушне силен звук, додека неквалитетното чоколадо ќе се рони. Внимавајте и на брзината со која се топи чоколадото. Чоколадите со поголем процент на какао путер се топат меѓу прстите, бидејќи путерот од какао има ниска температура на топење (се топи на температура од околу 35 Целзиусови степени).
„Доброто чоколадо не се топи веднаш, треба да биде стабилно и цврсто, да биде светло и сјајно, кога ќе го скршите до увото треба да слушнете појак звук на кршење. Друг трик за да проверите дали чоколадото е вистинско е тоа што додека го држите меѓу прстите и јадете, не треба да се стопи во вашите раце дваесетина секунди. Има уште една интересна работа, обидете се да го затнете носот и да јадете чоколадо, кога ќе почне да се топи во устата тргнете ја раката од носот и ќе почувствувате поинтензивен вкус на чоколадо“, изјави Александар Симиќ од компанијата Barry Callebaut.
Видови чоколади
Чоколадото е финален производ кој произлегува од преработката на семките од какао, од кои се добиваат основните суровини: какао маса, односно чоколаден ликер, какао во прав и какао путер. Покрај овие состојки, во одреден процент се соединуваат и млекото и шеќерот.
Присуството или отсуството на некои состојки, нивната различна количина и комбинација прават различни видови чоколади.
Ова се основните типови: црна, бела, млечна.
/Danas
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 април)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Магазин21 час
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин20 часа
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Магазин20 часа
Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5
-
Технологија2 дена
Незаменлив дел од нашите животи, 20 години „Gmail“
-
Автомобили2 дена
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција