Следете не

Здравје и убавина

Како да одолеете на искушенијата?

Avatar

Објавено пред

на

Да се изеде уште една коцка чоколадо? Да се прати порака до бившиот? Секојдневно се судираме со многу искушенија… тие секогаш се тука. Иако знаеме што е правилно, повторно попуштаме. Но, истражувачите од универзитетот Нортвестерн го откриле најдобриот начин за спротивставување на искушенијата и лошите одлуки. Тоа е – не мислете на она што Ве привлекува!

Досегашната метода се потпираше на приказната за ангелчето и ѓаволчето кои ви седат на рамената, односно експертите веруваа дека ако рационално размислиме и добро измериме зошто е нешто добро или лошо за нас, тогаш правилно ќе постапиме. Но, истражувачите од Нортвестерн тврдат дека колку повеќе размислуваме за добрите и лошите страни на своето искушение и колку поголем е менталниот процес на размислување, толку поголема е веројатноста дека ќе се предадеме на искушението.

„Поради премногу размислување, наскоро на Вашите раменици ќе седат само ѓаволчиња“ – објаснува еден од авторите на истражувањето, Лоран Нордгрен.

Она што навистина делува е пренасочување на вниманието. Доколку Ве влечат чоколадите, излезете надвор и прошетајте. Сакате да му испратите порака на бившиот, а знаете дека тоа не добар потег – јавете и се на другарката и отидете на кафе. Или пак и во двата случаи отидете на трчање – така нема да можете ниту да јадете, ниту да пишувате порака – советуваат експертите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Ова се значајните 3 витамини без кои лицето пропаѓа и старее, за лицата по 40 годишна возраст

Avatar

Објавено пред

на

Витамини се неопходни за нашето тело, без оглед на возраста, но по 40-годишна возраст, мора да ги земате овие 3 витамини редовно.

За да се забави процесот на стареење, неопходно е да се дејствува на кожата во длабочина, а тоа најдобро се постигнува со внесување на одредени витамини или преку храна која е богата со овие витамини.

Тие можат да помогнат во подобрувањето на состојбата на целиот организам и подеднакво добро се борат против брчките и штетните фактори кои го нарушуваат изгледот на кожата.

А, Ц и Е, се витамини кои се неопходни по 40-годишна возраст, потенцираат експертите.

Витаминот А е важен затоа што ја регулира работата на хормоните, го стимулира лачењето на колагенот и ја зајакнува кожата. Најмногу се наоѓа во морковите, млекото и млечните производи, како и во рибата, кајсиите.

Витаминот Ц е неопходен затоа што го спречува појавувањето на капиларите и флеки на кожата. Изобилно е во киви, лимон, домат, зелка.

Витаминот Е е најважниот сојузник во борбата против стареењето на кожата, а најмногу го има во житарките, јаболката и сојата.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Имате грчеви на нозете преку ноќ, еве начин како да ги спречите

Avatar

Објавено пред

на

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека се будите наутро. Овие грчеви се прилично болни и предизвикуваат стегнување на мускулот што може да трае и откако ќе помине болката.

Ноќните грчеви се почести кај возрасни над 50 години, но може да се јават и кај помлади луѓе и кај деца. И мажите и жените се подеднакво засегнати.

Што предизвикува ноќни грчеви во нозете?

Седење подолго време

Интензивен напор

Стоење или работење на бетонски под

Неправилно седење

Што можате да направите да се спречат овие грчеви?

Хидратација: Пијте шест до осум чаши вода секој ден

Нежно ги истегнете ги мускулите на нозете пред спиење

Носете удобни обувки

Опуштете се во топла купка пред спиење.

Не седете со скрстени нозе или стапала

Што да направите кога ќе ве фати грч на ногата?

Силно истегнување на згрчениот мускул е најефикасен начин за ублажување на грчот и болката. Може да се обидете со нежно масирање или лесно одење.

Дали постојат лекови како терапија за ноќните грчеви во нозете?

Пробајте со редовно земање витамински додатоци. Витамин Е или Б комплекс во форма на суплементи може да бидат корисни. Магнезиумот исто така помага многу, особено кај бремени жени.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Престојот во затворен простор ги зголемува шансите за настинка

Avatar

Објавено пред

на

Временските прилики не се фактор за настинка, туку реакцијата на ниски температури, а затворениот простор и стресот се поопасни од студот.

„Традиционалните“ совети дека за време на ниски температури треба да се седи дома, во топло – освен тоа што не се точни, се и опасни! – изјавил за ДејлиМеил професорот Питер Колигнон, шеф на одделот за заразни болести во Канбера.

Иако луѓето мислат дека причина за нивните настинки се ниските температури – грешат. Всушност, прекумерниот престој во затворен простор е фактор за болест.

Во време на ниски температури, кога внатре е топло и ретко се проветруваат просториите – тие стануваат извор на зарази. Поради долгиот престој во затворен простор, на луѓето им недостасува витамин Д, зошто не се изложуваат на сонце – без разлика на фактот што во зимскиот период и го нема многу – истакнува докторот.

Тоа што ви е ладно не значи дека ќе се разболите. Стресот и престојот во затворена просторија многу повеќе ви штетат од студот – изјавил д-р. Дејвид Ајзак од Сиднеј, човекот кој учествувал во проектот со волонтери кои се бањале во отворен базен во зима – а не се разболеле.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 5 часа

Ковид-19: 8 нови случаи од Кичево, додека останатите 80 од други градови

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 30 -Куманово...

ХороскопПред 20 часа

Хороскоп за денес (13.07) понеделник

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 136 нови случаи на Ковид-19, кичевчани 4 меѓу нив..

Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 46 -Куманово...

СкопјеПред 1 ден

Акциска на СВР Скопје за диви тркачи со мотори, има и приведени

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

МакедонијаПред 1 ден

Времена забрана во двата правци према Охрид утре, поради пробивање на автопатот Кичево-Охрид

Од 12 до 15 часот утре ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила на автопатот Кичево-Охрид кај делницата...

МакедонијаПред 2 дена

Денес е големиот празник „Петровден“, додека утре е „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Утре е Петровден, а во понеделник Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес (12.07) недела

ОВЕН Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве...

МакедонијаПред 2 дена

Нови 199 случаи и денес, 3 од Кичево, да ги почитуваме мерките!

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 90 -Куманово...

БалканПред 2 дена

„Старт-ап“ натпревар за млади од 13-23-ти јули. Можност за сите креативни кичевчани да се пријават и да земат свое учество заедно со своите врсници од три земји.

National Tourism Cluster “Bulgarian Guide”- (Lead Partner) организира Старт-ап натпревар за млади лица од Балканскиот регион преку виртуелна платформа, истиот...

ХороскопПред 3 дена

Денешен Хороскоп (11.07) сабота

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

НАЈЧИТАНИ