Следете не

Без категорија

Како да плаќате помали сметки за струја?

Објавено пред

на

Сезоната на греење почна, а за да ја поминете во топол дом, ви претставуваме неколку начини како да заштедите на сметките за електрична енергија без разлика дали се греете на парно, на дрва, на радијатор…

1. Изолирајте ја влезната врата
На влезната врата ставете дрвен праг. Ако не може да се изведе, може на долната страна на крилото да се зацврсти цврста метална или пластична трака со метличка, која може да се набави во продавница. Ако вратата се отвора во студен ходник или директно кон надвор, пред вратата може да се постави завеса од тежок и густ материјал, што ќе го ублажи студениот бран и промаја.

2. Разместете го мебелот
Овој зимски „мејковер“ е бесплатен и привремен. Тргнете го мебелот од студените надворешни ѕидови и наместете го во близина на изворот на топлина. Што е можно повеќе тргнете го мебелот од радијаторите или други грејни тела, затоа што така го блокира топлиот воздух.

3. Ставете теписон
Теписонот го задржува студениот воздух под својата површина. Ќе ви помогне подолго да ја задржите топлината без оглед на тоа дали на подот има плочки, бетон, паркет или ламинат.

4. Набавете пренослива греалка
Ставете греалка што може да се преместува во просторијата во која најчесто седите, и намалете ја температурата на печката или шпоретот на дрва. Остатокот од куќата можеби ќе биде малку постуден, но ќе ви биде доволно топло ако се облечете подебело.

5. Не го прегревајте просторот
Оптималната температура е 20 степени. За секој степен се трошат 6 проценти повеќе енергија.

6. Водете сметка за ролетните и за завесите
Навечер спуштајте ги ролетните и навлечете ги завесите за да го намалите губитокот на топлина. Ролетните може да го намалат губитокот и до 10 проценти.

7. Проветрувајте ги просториите, но не подолго од 10 минути
На тој начин ќе ја сочувате акумулираната топлина во ѕидовите и во мебелот. Правилно е во текот на денот два до три пати да го отворите прозорецот на 2 до 3 минути што е доволно воздухот да се смени, а притоа да не се оладат подовите и ѕидовите.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на...

Автомобили2 часа

„Cupra“ ја најавува светската премиера на новиот „Cupra Formentor“ и новиот „Cupra Leon“

„CUPRA Formentor“ е најпродаваниот модел и најпродаваниот „A-CUV“ во Европа, на врвот на продажната листа со над 120.000 испораки низ...

Магазин8 часа

iPhone 16 може да остане без физички копчиња

Претстојните телефони од серијата iPhone 16 на Apple би можеле целосно да ги заменат физичките копчиња, сугерираат најновите гласини Apple...

Магазин8 часа

Meta се затвора во Турција

Од 29 април Meta нема да биде достапна во Турција. Meta планира „привремено“ да се затвори во Турција од 29...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за вторник (23 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Македонија1 ден

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?

Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор....

Магазин1 ден

Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука

Иако го одложија воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, сепак на крајот нивниот потег доведе...

Автомобили1 ден

Tesla отпушта повеќе од 10 отсто од својата работна сила

Tesla отпушта илјадници вработени. Со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста, Tesla отпушта илјадници работници. Според...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (22 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

НАЈЧИТАНИ