Следете не

Храна

Како правилно да ги миете зеленчукот и овошјето во вода и кои продукти имаат најмногу пестициди

Објавено пред

на

Едниствен проблем се пестицидите кои го голема мерка се користат на зеленчукот и овошјето, а освен што се штетни, може да предизвикаат и алергии особено кај децата. Поради тоа треба да знаеме како правилно да ги третираме односно темелно да го миеме со цел да се отстрани поголемиот број пестициди и на тој начин да конзумираме вкусна и безбедна храна

Прва и основна работа како е темелно да се мие

Зрнестите овошја како јагоди, капини, боровници, рибизли прво треба да се исчистат односно да се отстранат они плодови кои се веќе оштетени и потоа нежно и внимателно да се измијат под млаз вода. Пред да ги миете може да ги оставите да отстојат некои 15-20 минути во вода.

Лиснатите продукти како на пример зелена салата, кељ, зелка, блитва, маруласе миа со тоа што се почнува од надворешните листови кои мора темелно и подолго време да се мијат на млаз вода, а потоа да се измие и внатрешноста. И за овој тип на зеленчук важи правилото да се потопи под вода 15-20 минути пред да се мие.

Долгнавестите продукти, компир, морков, краставици содржат најмногу пестициди во својата кора па со самото отстранување на кората се отстрануваат и непосакуваните и отровни пестициди. Откако ќе се отстрани кората измијте го трлајќи пов вода барем 20 секунди.

Кога се во прашање брокулата и карфиолот и останатите цветни продукти треба прво да се раздвојат цетовите, да се потопат 15 минути во млака вода, а потот свет по свет да се мие под млаз вода.

За отстранување на пестицидите освен темелното миење помага и раствор на оцет и вода во размер 4:1 или лажичка сода бикарбона која ќе ја растворите во едно литро вода во која ќе ги потопувате производите во време траење од 15 минути.

Магазин

Дали знаете зошто швајцарските сирења имаат дупчиња?

Објавено пред

на

Швајцарското сирење секогаш се опишува како сирење со дупчиња. Има цврсто тело и орев, но сладок вкус. Исто така, има многу малку сол во споредба со другите сирења, вели др. Марк Џонсон, истакнат научник во Центарот за истражување на млечни производи на Универзитетот во Висконсин.

Првпат е направен во 14 век во Швајцарија, поточно на Алпите.

„Тоа беше тврдо сирење кое имаше долг рок на траење и лесно можеше да се транспортира по планините каде што се произведуваше. Денес, пак, терминот швајцарско сирење не се однесува на тоа од каде доаѓа сирењето, туку на видот на сирењето, на тоа како се произведува сирењето – објасни тој.

„Производителите на сирење додаваат посебна бактерија наречена Propionibacterium shermanii. Оваа бактерија ферментира млечна киселина и произведува јаглерод диоксид. Јаглерод диоксидот се собира на одредени места во сирењето и создава големи меурчиња. Ниту едно друго сирење не ја користи оваа култура, освен швајцарското и другите верзии на швајцарско сирење, како што се baby Swiss, Maasdam, Jarlsberg и Emmentaler“, објаснува др. Марк Џонсон.

Можете ли да купите швајцарско сирење без дупки?

„Швајцарското сирење без дупки се нарекува „слепо швајцарско“, но тоа се смета за недостаток. Ако видите сирење означено со швајцарско кое нема дупки, тоа не е вистинско швајцарско сирење и нема да го има вкусот или текстурата што ја барате“, објасни тоj

/rd.com.

Прочитај повеќе...

Магазин

Вкусна кремаста супа од домати

Објавено пред

на

Состојки:

  • 225 гр путер,
  • 225 гр кромид,
  • 60 гр мазно брашно,
  • 1,5 кг сечкани конзервирани домати,
  • 150 мл пилешки супа,
  • 25 гр шеќер,
  • 2 лажички сол,
  • 1/3 лажичка бибер,
  • 100 мл слатка павлака,
  • 100 мл млеко 2 лажици мед

Подготовка:

Загрејте го путерот во голема тава и додадете го исечканиот кромид. Пропржете го кромидот на средна топлина додека не стане мек и проѕирен. Додадете го брашното и мешајте неколку минути, додека смесата не добие златна боја. Додадете сечкани конзервирани домати, густин, шеќер, сол и бибер. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и варете околу половина час. Мешајте повремено за да не изгори супата на дното. Тргнете ја од оган, измешајте ги млекото, павлаката и медот и со миксер направете крем супа.

Прочитај повеќе...

Магазин

Рецепт за кремасто рижото кое ги исполнува сите критериуми за совршен ручек

Објавено пред

на

Брзо, здраво, вкусно и со разумна цена – ова се четири критериуми кои прават одлично јадење, а рижото со спанаќ ги задоволува сите. Постојат многу рецепти за овој специјалитет што ќе ги сакаат вегетаријанците, па дури и децата кои не сакаат зеленчук, а овој е покремаст и повкусен од сите нив.

Во продолжение прочитајте рецепт за рижото со спанаќ и сирење кое е толку вкусно што и најголемите љубители на месо нема да размислат два пати за тоа.

Рижото со спанаќ и сирење – состојки:

  • мала главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1,5 чаши ориз
  • 150 – 200 гр замрзнат спанаќ
  • 500 мл вода
  • 1 коцка зеленчук за супа
  • 200 мл крем за готвење
  • 150 гр рендано сирење по желба
  • зачини по желба

Рижото со спанаќ и сирење – подготовка:

  1. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и кратко пропржете ги на маслиново масло.
  2. Додадете го претходно измиениот ориз и замрзнатиот спанаќ.
  3. Прелијте со водата во која е растворена коцката за супа и зачинете по желба.
  4. Гответе на тивок оган додека оризот не ја впие речиси целата течност и додека не стане мек. Доколку е потребно, додадете повеќе вода за време на готвењето.
  5. Кога ќе се свари оризот, додадете го кремот за готвење.
  6. По две-три минути исклучете го огнот и додадете рендано сирење.
  7. Послужете го топло.

/Dnevnik

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Балкан7 минути

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево47 минути

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт9 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг10 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура10 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle11 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин11 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин11 часа

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево1 ден

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

НАЈЧИТАНИ