Свет Случувања

Калуѓерки краделе пари, па се коцкале во Вегас! Украле половина милион долари, а никој не ги открил со години (ВИДЕО)

Две калуѓерки кои работеле во католичко училиште во Калифорнија признале дека проневериле околу 500.000 долари за да можат да се коцкаат во Лас Вегас. 

Сестрите Мери Крупер и Лана Чанг украле пари од католичкото училиште во Калифорнија, а за да имаат доволно пари за одење од казино, ги земале и донациите и уплатените школарини.