Спорт
Шест кандидати за најдобар фудбалер во Премиер лигата

Здружението на професионални фудбалери во Англија, ги објави имињата на претендентите за освојувањето на наградата за играч на годината.
Меѓу номинираните, тројца се од Манчестер Сити, а по еден фудбалер од Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.
Кандидати за наградата најдобар фудбалер на годината во Премиер лигата:
Кевин де Бруин (Манчестер Сити)
Давид Силва (Манчестер Сити)
Лорој Сане (Манчестер Сити)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Хари Кејн (Тотенхем)
Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед).
Спорт
ФФМ: По десет илјади евра за секој фудбалски клуб од Првата женска лига, како финансиска помош и поттик за клубовите за идниот подем на женскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука секој клуб од Првата женска лига да добие финансиска помош во висина од 10.000 илјади Евра во денарска противвредност како поддршка од „Куќа на фудбалот“ за административни потреби (закуп и оддржување на терени, тренери, подготовки и слично) на сите 11 клубови од 1 ЖМФЛ. Средствата се обезбедени од солидарниот фонд на УЕФА од женската Лига на шампиони за 2021/22.
Во насока на спроведувањето на стратегијата за развој на женскиот фудбал „Повеќе жени, повеќе голови“ на овој начин, нашата федерација со помош од УЕФА дава дополнителна поддршка и поттик за женските клубови од Првата лига да продолжат со напредокот преку оваа помош, пред сѐ во логистичка смисла. Клубовите се темел за подобри резлутати и со поголема ангажираност и сериозност во работата ќе придонесат за напредок во иднина.
Начинот на трошење на средствата кои ги добијат клубовите ќе бидат предмет на преглед и проверка од независни ревизорски куќи.
– „Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување…итн.), ФФМ потврдува дека на женскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач, туку и како на дел од нашиот фудбал кој развива конкретни цели и задачи. Преку напорите на ФФМ ние сакаме да ги поттикнеме клубовите пред сѐ, да бидат двигатели на идниот подем на женскиот фудбал во Македонија. Голема е помошта од УЕФА во таа смисла и важно е да покажеме дека се третира на вистинско ниво продолжувајќи во таа насока“, изјави генералниот сектретар на ФФМ, Филип Поповски.
Спорт
Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години домаќин на УЕФА квалификацискиот турнир во Скопје, младинките во Кичево започнаа припреми..

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 4 до 10 април ќе биде домаќин на Уефа квалификациски турнир од втората рунда во Лига Б.
Во рамките на групата Б1, младата селекција на Македонија ќе одигра три квалификациски натпревари против соодветните селекции на Израел, Грузија и Гибралтар.
Избраничките на селекторот Астрит Мерко, натпреварите ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Во првото коло играме со Грузија на 4. април во 13. часот. Три дена подоцна на програмата е второто коло, во кое се соочуваме со селекцијата на Гибралтар, во 13. часот. На 10. април, во исто време, во последното коло силите ќе ги одмериме со Израел.
Младата репрезентација на Македонија денеска во Кичево официјално ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Берна Кабакчи (Елдениа, Холандија), Кристина Павлоска (Шкендија);
Одбрана: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Миа Головска (Скопје), Дајана Ристоска (Каменица), Матеа Блажеска (Скопје), Ефимија Цунева (Тиверија);
Среден ред: Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ера Стеблевa (Ас Јунајтед), Сара Мена (Ас Јунајтед), Михаела Настовска (Ас Јунајтед);
Напад: Симона Мајеер (Кул), Еда Далипи (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (Гпсо 92, Франција), Билјана Панеска (Тиверија), Веса Села (Ас Јунајтед), Јехона Велиу (Грасхопер, Швајцарија);
Спорт
(ВИДЕО) Избраниците на Канатларовски со недосуден чист пенал минимално беа поразени од Словачка на „Анталија Куп 2023“

Репрезентацијата на Македонија до 21 година беше незаслужено поразена од соодветната селекција на Словачка во мечот што го одлучуваше победникот на меѓународниот контролен турнир “Анталија Куп 2023”.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски може да жалат за минималниот пораз од 1:0, со оглед на подобрата наша игра во текот на сите 90. минути и неколкуте одлични можности за постигнување погодок. Покрај доминацијата на теренот и одличната игра, нашите млади фудбалери беа и оштетени, не беа досудени два чисти пенали во наша полза.
Единствениот погодок на денешната средба беше дело на Веселовски во 66. минута од средбата.
Во првиот дел, судијата не досуди чист прекршок над Димитар Тодоровски во казнениот простор на противникот при резултат 0:0.
Во вториот дел, Христијан Малески се најде во добра можност, но беше недозволено повлечен со рака од противничкиот играч. Уште една ситуација во која не беше досуден чист пенал над Македонија.
Младата репрезентација на Македонија на овој натпревар пропушти и неколку извонредни можности за постогнување гол преку Калкан, Крстевски, Ангелов.
Македонија: Димитриевски, Деспотовски, Фетаи, Стојчевски, Фета, Николов, Рамадани, Тодоровски, Калкан, Илиевски;
Селектор: Драги Канатларовски
/makfudbal
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Скопје13 часа
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (2 април)
-
Временска прогноза1 ден
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија20 часа
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости2 дена
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Кичево2 дена
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!
-
Македонија17 часа
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин