Следете не

Кичево

Одбележан патронатот на касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево (ФОТО)

Објавено пред

на

Припадниците на 4. механизиран пешадиски баталјон, денес го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филипоски Даме, 29 јуни, чие име го носи касарната во Кичево. На одбележувањето присуствуваа и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантите на единиците од составот на 1. единица. мпбр, претставници на единици на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата, претставници на Сојузот на борците од Кичево и Охрид, како и правни и физички лица со кои единицата има соработка. 

За културно забавната програма се погрижи локалното културо уметничко друштво„ Бисер“ од Кичево, чии играорци изведоа сплет од неколку ора. 

Најпрво во алеата на великаните каде се наоѓа и бистата на народниот херој, од страна на присутните делегации беа положени букети свежо цвеќе, потоа присутните на одбележувањето ги поздрави командантот на 4. Механизиран пешадиски баталјон потполковник, Боро Латкоски.

– Денес со оваа воена свеченост го одбележуваме патронатот на касарната Чеде Филипоски Даме. Чест и задоволство ми е да Ви се обратам и истакнам дека сме горди што ги продолжуваме светлите традиции на нашето историско минато. Во својот краток живот народниот херој Чеде Филипоски Даме имаше бурен животен пат и успешна воено-политичка кариера. Од ѕидарски работник во младите години и член на партиската ќелија од 1941 година, стана командант на дивизија а потоа и член на АСНОМ, највисоко претставничко тело во тогашна Македонија. Срцето на големиот син, патриот, борец и херој на Македонија, престана да чука на 29 јуни 1945 година. За сите нас овој ден ќе остане врежан во меморијата, ден на загуба и црн ден за нашата татковина за македонското битие. Чеде загина, но остана да живее вечно во партизанските песни и легенди, во бронзата што молчи, во книгите и учебниците. Тој живее во нашите мисли и се уште постои како жива присутност меѓу сите нас – истакна меѓу другото командантот, потполковник Боро Латкоски.

На крајот од денешното одбележување за присутните во касарната беше организиран тактичко – технички збор. 

Извор: Зоран Антоски /Нова Македонија

Кичево

(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Објавено пред

на

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.

– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ

Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Објавено пред

на

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.

Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.

Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.

Видео од прилогот на Алфа ТУКА

Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево: Ноќеска избувнал пожар во с.Другово, нема повредени

Објавено пред

на

На 08.08.2022 околу 20 часот, во полициска станица Кичево, пријавено е дека во кичевското село Другово, настанал пожар кој целосно опожарил плевна и куќа, сопственост на В.М.(62) од истото село. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кичево. За Порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle6 часа

(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место...

Хороскоп8 часа

Дневен Хороскоп (14 август) – недела

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Спорт9 часа

Милан со победа ја почна новата сезона во одбрана на титулата, победа оствари и Аталанта

Фудбалерите на Милан со победа ја започнаа одбраната на титулата во Серија А, кои денеска славеа против Удинезе со 4:2....

Македонија18 часа

СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето...

Временска прогноза18 часа

Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации

За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе...

Македонија18 часа

Центар за управување со кризи: Нема активни пожари во моментов

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот...

Македонија19 часа

Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење

Во текот на изминатата вечер (12.08.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен...

Свет19 часа

Нова тура „Starlink“, по успешното лансирање на „Falcon 9“ од Space X

Американската компанија „Space X“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на...

На денешен ден1 ден

13 август – На денешен ден

1521.- Шпанскиот освојувач Хернан Кортес го зазеде и го уништи, по тримесечна опсада, градот Тенохтитлан на Ацтеките (Мексико Сити). 1624.-...

Lifestyle1 ден

(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!

Теа Таировиќ распали со знамето и нашата безременска „Македонско девојче“ p.s. По социјалните мрежи коментираат Теа простено тие за песната...

НАЈЧИТАНИ