Здравје и убавина
Не е бременост, но ова се трите причини зошто вашиот циклус касни

Ако вашата менструација доцни, најдобро е да се консултирате со гинеколог. Ако вашиот менструален циклус е одложен, тоа не мора да значи дека се во прашање хормоните, бременоста или предвремена менопауза. Обрнете внимание на тоа дали го занемарувате вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика отсуство на месечен циклус.
Некои од причините може да бидат стрес, патување кое може да биде шок за телото и премалку спиење.
Стрес
Стресот може да го предизвика трауматски настани како што се смрт или болест на близок човек, раскинување на врска, селење или губење на работата. Ова се сите ситуации кои брзо и значително го зголемуваат нивото на стрес. Имено, големиот стрес делува на дел од мозокот наречен хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, вклучувајќи го и менструалниот циклус, кој потоа може да стане нередовен, а крварењето пообилно или многу слабо.
Патувања
Патувањата, особено подолгите може да бидат шок за организмот. Несоница, раздразливост, замор, се само некои од симптомите на т.н. “jet lеg” – краткотрајно нарушување поврзано со патување низ различни временски зони. Таквите промени може да влијаат и на менструалниот циклус кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата треба да се нормализира по два или три циклуси.
Премалку сон
Одмор не е седењето пред телевизија, треба да се наспиете. Недостатокот на сон може да предизвика голем број на негативни промени во телото, како што се пад на имунолошкиот систем, нервоза, замор и слабост, но, исто така, да доведе до пореметување на менструалниот циклус. Докажано е дека на човечкото тело му се потребни 7-9 часа спиење и затоа е неопходно да се променат дневните рутини и да се обидете да му дадете на вашето тело доволно време за одмор.
Здравје и убавина
Дали луѓето со висок крвен притисок можат да пијат кафе?

Иако нашироко се верува дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое потврдува дека тоа е вистина.
Експертите од Германското здружение за срце велат дека можете без страв да пиете најмалку четири шолји дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензија.
Кафето може да го подигне крвниот притисок за кратко време бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и го забрзува пулсот, но тоа обично се случува доколку не сте навикнати на кофеин.
Покачувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе. Овој ефект се јавува по редовно пиење кафе една до две недели, се вели во соопштението на Германското здружение за срце.
Тоа важи и за зелениот и црниот чај, со оглед на тоа дека и тие се стимуланси.
Сепак, треба да пробате ограничено пиење, што е максимум 400 милиграми кофеин дневно доколку размислувате за здравјето на срцето, велат од ова здружение.
Тоа е сигурно повеќе отколку што повеќето луѓе веројатно ќе пијат – околу четири до пет шолји филтер кафе на ден.
Ако планирате да го измерите крвниот притисок, направете го тоа пред да конзумирате кафе или околу 30 минути потоа, за да бидете сигурни дека тоа нема да влијае на мерењето.
Во меѓувреме, обидете се да ги избегнувате таблетите со кофеин, советуваат од оваа асоцијација, бидејќи тие можат негативно да влијаат на крвниот притисок.
/n1info.com/
Здравје и убавина
Овој рецепт за само три дена ги чисти вашите бели дробови

Никој од нас нема време да ги примени комплицираните режими на исхрана кои се неопходни за чистење на организмот. Затоа ви го претставуваме методот кој ќе ви помогне да ги исчистите белите дробови за само три дена.
Многу луѓе никогаш во животот не запалиле цигара а имаат проблем со белите дробови, додека други се пушачи и по 30-40 години, а ги немаат тие проблеми.
Изгледа дека се е индивидуално, но цигарите сепак допринесуваат за лошата состојба на белите дробови. Овој метод им е повеќе потребен на пушачите, но без разлика дали сте пушач или непушач, сигурно ќе ви годи да ги исчистите белите дробови од токсини.
Еве како да го направите тоа за само три дена.
Два дена пред овој процес би требало да престанете да конзумирате млечни производи, а вечерта пред првиот ден од режимот, испијте шолја билен чај пред спиење.
Тоа ќе помогне за вашите црева да се ослободат од токсините, што е значајно за белите дробови да не бидат преоптоварени во текот на процесот на детоксикација.
Постапка:
Исцедете два лимони во 300 милилитри вода и испијте ја пред појадок.
Испијте 300 милилитри сок од грејпфрут или ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои се важни за здравјето на белите дробови.
Меѓу појадокот и ручекот испијте 300 милилитри чист сок од моркови. Тоа ќе помогне за да се зголеми алкалноста на крвта.
Во текот на ручекот треба да испиете 400 милилитри сок богат со калиум. Калиумот е клучен елемент за чистење на белите дробови. Рецептот за овој сок следува во продолжение.
Рецепт:
Во соковник исцедете 350 грама пашканат, 350 грама зелени пиперки, 200 грама поточарка и 350 грама краставици. Тоа би требало да биде мерката за околу 400 милилитри сок.
На крајот, пред спиење треба да испиете 400 милилитри сок од брусница.
Покрај овие сокови, треба да водите сметка и да вежбате во текот на тие денови, доволно да спиете, а можете да направите и топла купка барем 20 минути дневно за да ја зголемите детоксикацијата.
Овој режим можеби е малку напорен, но за само три дена ќе почувствувате неверојатни резултати.
/denar.mk
Здравје и убавина
Дали ни требаат три оброци на ден?

Нутриционистите се посветени на пет оброци, но повеќето имаат три оброци на ден. Имено, модерниот живот е концентриран на овој начин на исхрана – појадокот е најважниот оброк во денот, паузата на работа се користи за ручек, а потоа општествениот и семејниот живот се врти околу вечерните оброци.
Сепак, дали е ова најздравиот начин на исхрана?
Научниците го разгледуваат прашањето за исхраната на повеќе нивоа, а еден од најважните аспекти е прашањето за ограничување на оброците на период од осум часа. Имено, истражувањата се повеќе одат во насока на теоријата дека на човечките тела му требаат најмалку 12 часа на ден без храна за да го одмори дигестивниот систем.
Повремен пост
Розалин Андерсон, вонреден професор на Факултетот за медицина, изјави за Би-Би-Си дека секојдневен пост секогаш носи одредени придобивки.
„Постот го доведува телото до состојба дека е поподготвен, поотпорен на многу болести. „На телото му треба одмор за да може да складира енергија“, објаснува Андерсон.
Еден оброк на ден не е за дијабетичари
Од друга страна, некои стручњаци тврдат дека е најдобро да се има еден оброк дневно, меѓу кои и Дејвид Левицки, професор на Универзитетот во Њујорк.
„Има многу податоци кои покажуваат дека ако ви покажам храна или слики од храна, веројатно ќе јадете, а колку почесто храната е пред вас, толку повеќе ќе јадете тој ден. „Низ историјата конзумиравме по еден оброк на ден, вклучително и старите Римјани кои јадеа по еден оброк напладне“, објаснува Левицки, истакнувајќи дека чувството на глад воопшто не треба да ве мачи бидејќи тоа е психолошка сензација. Тој наведува и дека препораката за еден оброк дневно не е за луѓето кои боледуваат од дијабетес.
Најважно е конзистентноста
Сепак, истражувачите сугерираат дека најдобрата опција е два до три оброци на ден – со најголем дел од калориите внесени порано во текот на денот и појадок еден час или два по будењето. На тој начин телото има време да ја преработи храната и да ја направи ваша животна енергија, а проблемите со срцето најверојатно ќе ве заобиколат. Без оглед на промените што ги правите, истражувачите се согласуваат дека доследноста е клучна.
„Телото работи по шаблони. А повремениот пост е само наметнување на шаблони, што е многу пожелно за организмот. Исто така, денес луѓето не се консумираат како пред сто години, па ни требаат помалку калории, оброците треба да бидат полесни“, наведува Андерсон.
/politika/
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево1 ден
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија7 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Македонија7 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија23 часа
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!