Следете не

Македонија

Ќе имаме ли нов удар по џеб со укинување на ефтината струја?

Објавено пред

на

Евтината тарифа на струјата е пред укинување. Алсат неофицијално дознава дека во Регулаторната комисија за енергетика последниов период на големо се прават аналзии дали и натаму да остане евтината струја за граѓаните. Побаравме официјален став од регулаторот, но тој ни соопшти дека засега не може да коментира. Сепак добивме потврда дека преговори на оваа тема се водат. Подетални информации од Регулаторната комисија за енергетика најавија до крајот на неделава.

Инаку, речиси пред две години владата предводена од СДСМ ја врати евтината тарифа на струја, а ова им беше едно од главните предизборни ветувања. Примената започна од октомври 2017-та. Секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот и по 22 часот до 7 наутро граѓаните имаат можност да ја користат, како и секоја недела преку целиот ден. Според информации на Алсат, заговорнциите на идејата за укинување на евтината струја настапиле со став дека цената на струја во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас модел на користење на струја како евтина тарифа нема никаде. Од друга страна, биле изнесени аргументите дека Македонија не може да се споредува со држави со многу повисок стандард и ваквата одлука дополнително би го оптовариле домашниот буџет.

По стапувањето на сила на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, исто така беше отворено прашањето за укинување на евтината тарифа на струјата. Од Европската Енергетска Заедница беше посочено дека укинувањето ќе биде неминовно со образложение дека никаде во Европа не постои ваква поволност за граѓаните. Сепак и покрај притисокот, властите во земјава тогаш одлучија евтината струја да остане. Сега одлуката може да се очекува да биде официјализирана по формирањето на новата Влада. По ова ќе следува и двомесечен период на таканаречена адаптација кога ќе треба да се штелуваат броилата.

Извор: Курир.мк

Македонија

МВР потсетува: Пиротехника не, безбедност пред се!

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви се последици може да има употребата на овие средства.

МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:
(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;
(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Прочитај повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на патен правец Маврово – Бунец

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.

* Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец крак Маврово – Бунец, стои во соопштението на АМСМ.

Прочитај повеќе...

Македонија

Сообраќајот кон Охрид, Кичево се одвива редовно и нормално по влажни коловози

Објавено пред

на

Проодноста на патните правци по врнежите од снег

РЦУК – Тетово, известува дека по извршените контакти со одговорните лица од ЕЛС, Полициските станици и од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта добиена е информација дека во поголемиот дел од Северозападниот регион, Тетово и Гостивар, состојбата со локалните и регионалните патни правци е редовна.
Во Тетовскиот реон, на повисоките населени места по коловозите има остатоци од снег кои го отежнуваат сообраќајот и за движење по истите потребна е зимска опрема. Патниот правец с.Стенче – с.Гургурница (опш.Брвеница) е прооден, а истиот го расчитувала екипа од ЕЛС од утринските часови. Истата екипа сеуште е на терен поради тоа што во тој реон има појава на силни ветрови кои би можеле да нанесат навеви од снег на коловозот. И патните правци кои водат до високопланинските села од Општина Тетово се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови.
Во општина Маврово-Ростуше, на некои места има наврнато и околу 80 см снег. Паднати биле десетина дрвја кои го попречуваа сообраќајот. Екипа од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта со моторна пила од утринските часови е на терен и постапно ги сече и одстранува паднатите дрвја. Паните правци моментално се чистат по приоритет. Возило од Македонија пат моментално почнува со чистење на патот околу Мавровско езеро од кај страната на Бунец. Поради големите наноси на снег се очекува чистењето на патиштата да потрае подолго време. По извршениот контакт со одговорното лице од ЕЛС Маврово добиена е информација дека во најголем дел локалните патни правци се проодни. Проблеми има во Мавровскиот дел додека во Ростушкиот не се забележани проблеми и таму количината на паднат снег е драстично помала.

РЦУК – Скопје, известува дека според добиените информации од контакт лицата во општините во скопскиот регион, во планинските делови во општините Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково има остатоци од кашест снег кој се топи, патиштата се проодни и нема никаков застој во одвивање на сообраќајот во тие делови.

РЦУК – Велес, известува дека во општина Кавадарци на повисоките места има снег и тоа: на Витачот има 25 сантиметри и кај Михајлово 50 самтиметри. Според известувањето од ТППЕ Кавадарци, кај излетничкото место Михајлово има 3 пожарникари со 1 теренско возило и со 2 моторни пили кои одстрануваат гранки од дрвја. На расчистување на патот работат екипи ангажирани од ЕЛС Кавадарци, и од 09:30 часот, патот за Михајлово е прооден по 1 лента, а се работи и на целосно расчистување.
Во општините Велес, Свети Николе и Неготино има врнежи од дожд и патните правци се проодни.

РЦУК – Битола, известува во општина Битола, се работи на расчистување на патниот правец кон Хотел „Молика“ и Ски центарот Ниже Поле. Останатите патни правци во општините Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево се проодни.

РЦУК – Струмица, известува дека во општина Гевгелија, на патниот правец Гевгелија – с.Фурка има одрон на патот и на расчистување на истиот работат од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Останатите патни правци во општините Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија и Дојран) се проодни.

РЦУК – Охрид, известува дека во општините Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Дождот кој во моментов е активен во регионот го стопи снегот на патиштата и нема проблеми во сообраќајот.

РЦУК – Куманово, известува дека во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. Засега немаат информации за непроодни локални патни правци во планинските места.

РЦУК – Штип, известува дека во општините Штип, Кочани, Пробиштип, Делчево, Македонска Каменица, Берово и Виница, сите патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови и по влажни коловози.

АМСМ известува дека на ден 01.12.2024 година, вo 07:50 часот, на магистралниот пат А2 Охрид – Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно, сообраќајот за Тешки товарни возила e нормализиран.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.

Од УХМР во 08:30 часот добиени се следните информации:

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за 24 часа, до 07:00 часот (во l/m2):
127 Демир Капија; 96 Попова Шапка; 81 Гевгелија; 79 Кавадарци; 69 Прилеп; 61 Битола; 55 Пожаране; 52 Струмица; 48 Скопје-Петровец; 43 Штип; 42 Маврови Анови; 39 Куманово; 35 Претор; 34 Берово; 33 Тетово; 29 Скопје-Зајчев Рид; 27 Дебар; 25 Велес; 18 Охрид, Виница; 15 Крива Паланка.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07:00 часот (во сm):
61 Маврови Анови; 44 Крушево, Попова Шапка; 15 Дебар; 14 Претор; 7 Берово; 4 Битола.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Извор: ЦУК

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија6 часа

МВР потсетува: Пиротехника не, безбедност пред се!

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од...

Спорт14 часа

Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши

Целиот фудбалски свет е обединет во молитвите за здравјето на фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, откако тој колабираше во 17....

Автомобили14 часа

(ВИДЕО) Кинескиот електричен теренец „Deepal S07“ доби пет ѕвезди на тестот „Euro NCAPв“

Новитетот на европските патишта, уште еден во низата електрични теренци од Кина, се покажа на стандардизираниот тест на Euro NCAP...

На денешен ден14 часа

На денешен ден – 6 декември

1421.- Роден е англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од династијата Ланкастер, кој ја наследил круната во 1422 година, кога...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (6 декември)

ОВЕН Денес, Овенот ќе биде многу привлечен од припадниците на спротивниот пол. Убавите странци ќе ви го одземат целото внимание...

Кичево19 часа

(ФОТО) Одрон на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно кај кичевското село Белица

Предмалку до нашиот медиум пристигна информација дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно помеѓу кичевските села Белица и Кладник има...

Спорт1 ден

Македонската репрезентација до 19 години во трка со Португалија, Белгија и Естонија за квалификации на ЕП

Македонија до 19 години по излегкувањето во Швајцарија, Нион ги доби противниците за пласманот во Елитната фаза на квалификации за...

Автомобили1 ден

Вистина или мит: Дали е штетно полнењето гориво додека работи моторот на автомобилот?

Кога температурите се ниски, може да се почувствува искушение да оставите моторот на автомобилот да работи додека полните гориво. Но,...

Магазин1 ден

Дали користите Xiaomi? Еве како да се ослободите од рекламите

HyperOS сега е достапен за најновите телефони Xiaomi, Redmi и Poco. Иако овој оперативен систем нуди многу предности, неговиот најголем...

Магазин1 ден

Австралија воведува забрана за социјални мрежи за деца под 16 години: Кој ќе ја следи?

Австралија ја презема водечката улога во заштитата на младите со воведување на национална забрана за користење на социјалните мрежи од...

НАЈЧИТАНИ