Следете не

Без категорија

(ФОТО) Келнерка од Америка остана „шокирана“ кога доби 2,000 долари бакшиш, па сметката ја објави на својот твитер профил

Објавено пред

на

Келнерката од Америка останала „шокирана“ кога видела дека нејзиниот клиент и оставил бакшиш 2.000 долари. Таа ја сподели фотографијата на својот Твитер и предизвика бројни реакции

Сара (21) од Америка откри дека била шокирана, но и пријатно изненадена кога го виделе тој огромен бакшиш. Сметката била 693,36$ и таа добила 2.020$ како бакшиш (12 482$)

„Буквално се тресам“, напиша таа.

Нејзината објава привлече големо внимание, доби повеќе од 260 000 лајкови, а многу луѓе беа исто толку шокирани како и таа.

– Преку кого да се вработам таму? – беа некои од коментарите, додека имаше и такви кои сметаа дека сметката е лажна.

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 6 часа

Дневен Хороскоп (14 јуни) понеделник

ОВЕН Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста...

Временска прогнозаПред 14 часа

Вонредни метео вести: Од север доаѓа студен фронт и дожд, ова се деталите..

Во следните часови од север кон нашата територија ќе се спушта студен фронт кој ќе услови зголемување на облачноста и...

СпортПред 16 часа

(ФОТО) Кичевчани дел од Македонската фаланга која ќе ја бодри нашата репрезентација против Австрија!

Неколку илјади Македонци пристигнуваат во главниот град на Романија, развиорени македонски знамиња, ечи песна, а тука се и нашите кичевчани,...

СкопјеПред 19 часа

253 сообраќајни прекршоци во Скопје, 56 санкционирани возачи на мотоцикли

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 13 јуни

323. п.н.е. – Александар III Македонски (Александар Велики), еден од најголемите воени водачи во светската историја, почина во Вавилон. Неговите...

СпортПред 1 ден

(ФОТО) Како реакцијата на капитенот Симон Кјер играч на Милан го спаси од трагедија младиот Ериксен

Со години ќе се зборува за ужасните сцени од стадионот Паркен. Кога играчот од средниот ред на данската репрезентација, Кристијан...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес -( 13 јуни )- недела

ОВЕН Не следете ја интуицијата кога станува збор за стари проблеми или негодувајте се од луѓе кои не го направија...

ХранаПред 1 ден

Намирници за јадење и пиење на кои пишува дека се диетални, но всушност не се, еве повеќе детали..

Само затоа што на храната пишува дека се диетални, не значи секогаш дека се и такви. Таквата храна не гарантира...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 21 нов случај на Ковид-19, од Кичево повеќе дури од Скопје – 6 новозаболени

Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од: • Кичево –...

СпортПред 1 ден

(ВИДЕО) Издржи Ериксен, целиот светски фудбал е со тебе!

Натпреварот помеѓу Данска и Финска е прекинат во 43. минута поради драматична сцена на теренот, откако фудбалерот на Интер, Кристијан...

НАЈЧИТАНИ