Балкан Живот Случувања

Ќеркичката на Дарко Лазиќ постојано плаче за него – семејството крие но таа знае дека нешто се случило

Ќеркичката на Дарко Лазиќ кој имаше страшна сообраќајка по што беше опериран и е на интензивна нега, чувствува дека нешто не е во ред, постојано плаче и сака да го види татко си.

Малата Лорена која има само 4 години и понатаму не знае што се случило, но постојано плаче нејзиниот татко да дојде и да ја посети. 

– најтешко и е неа, плаче и прашува за татка си, а не знае ништо. Се трудиме сите да сме радосни и позитивни пред неа за да не почувствува низ што поминуваме, вели бабата на Дарко.

Пејачот и понатаму е на интензивна, а семејството вчера рече дека состојбата е малку подобра.