Следете не

Спорт

(ФОТО) Кичевчанец член на „Car Club-Кичево“ денес освои прво место на авто-слаломот во Прилеп

Avatar

Објавено пред

на

На булеварот „Гоце Делчев“, со препреки и со мерење на најуспешното поминато време, натпреварувачи од Македонија ги покажаа вештините во авто-слалом трките.

Авто-слаломот е светска дисциплина, меѓународно призната од Светската федерација, се вози на рамни површини, конфигурацијата на патеката ја прави организаторот, низ препреки, на кратки растојанија. Се мери времето и најдобрите се победници. На трката беа најискусните и најстарите, оние што првпат се натпреваруваат и дамите кои се натпреваруваат во, условно, овој машки спорт.

Наше огромно задоволство е што нашиот член Кристијан Бојоски (опел кадет) од „Car Club-Кичево“ се закити со прво место со најдобро извозено време во најтешката „спринт“ категорија, додека второ место освои Јовчевски Димитар (Форд фокус) и трето место Велјановски Николче (опел вектра) – сите возачи учествуваа за АКК Фичо 600 од Скопје.

Уште еднаш честитки до сите учесници и до организаторите на успешно реализираниот авто-слалом под сите претпазливи мерки и протоколи за растојание.

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Спорт

Поради новиот протокол во рамките на пандемијата, натпреварите во Првата и Втората лига се одложени соопшти ФФМ.

Avatar

Објавено пред

на

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот протокол за организирање на натпревари, натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“, соопштија од ФФМ.

Новиот протокол предвидува спортските клубови, на свој трошок, пред секој натпревар да спроведат тестирање.

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Официјално е: Тајсон боксува во ноември по 15 години, НБА ѕвездата закажа борба со Јутјубер

Avatar

Објавено пред

на

Во ноември нè очекуваат две прилично интересни борби.

Мајк Тајсон е повторно во игра! Најавена е борбата против Рој Џонс јуниор, што ќе биде прв судир за Тајсон од 2005 година.

Тајсон сега има 54 години, но во последните неколку месеци „правел“ видеа за обука во кои сакал да покаже колку е подготвен да возврати повторно.

Во 2005 година тој се збогуваше со боксот борејќи се со Кевин МекБрајд во Вашингтон, додека Џонс јуниор е три години помлад од Тајсон.
Борбата ќе се одржи на 28 ноември во Стејплс центарот во Лос Анџелес, а закажана е прес-конференција на 29 октомври, на која борците ќе се појават со директен пренос на Јутјуб.

Интересно, на ова претходи тепачка меѓу поранешниот кошаркар на НБА, Нејт Робинсон и Џејк Пол, познат јутубер.

Нејт, единствениот трикратен шампион во забивање во НБА, сериозно го сфати предизвикот. Тој тренираше со недели за дебито во боксот, за кое неодамна зборуваше за станицата ЕСПН.

А, Тајсон веќе зборуваше за причините да се врати во борбата.

– Фактот дека имаме 54 години, не значи дека нашиот живот е завршен и дека мора да започнеме некои други кариери. Се чувствувам како многу подобро да се грижам за своето тело сега, и мојата состојба на умот е многу подобра отколку со многу други борци кои се враќаа на боксот – рече Тајсон,

– Се обидов да уживам во пензија, луѓето не ме пуштаат. Тие се јавуваат, велат дека Мајк се враќа и дека би бил голем противник за него, возврати Џонс

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Извлечени се двојките за 1/4 финале за Купот на Македонија

Avatar

Објавено пред

на

Извлечени двојки за 1/4 финале од Купот на Македонија:

Академија ПАНДЕВ – ШКУПИ
СТРУГА Трим Љум – РЕНОВА
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Натпреварите се играат на 25. ноември 2020.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 2 часа

Скопјанец во Кичево вчера го нарушил јавниот ред и мир

На 30.10.2020 година во 21:30 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, Ш.А.(49) од Скопје го нарушил...

ЕстрадаПред 4 часа

(ВИДЕО) Зурлаџијата Џељо Дестановски меѓу најмладите со ново оро за пријатен викенд

Нашиот пријател Џељо Дестановски и во овие тешки ковид моменти за македонската музика, успешно твори и компонира нова музика. Како...

КичевоПред 5 часа

Понуда плус за ваша сигурна заштеда преку АТВА маркети

Екстра понуди, неодоливи цени на акциските производи само во АТВА маркети – Кичево © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

Здравје и убавинаПред 6 часа

Јадете ги оревите, заштитниците на вашето срце, еве зошто..

Набрзо откако е откриено дека оптималната дневна доза на ова овошје може да спречи развој на срцеви болести, оревите се...

ХороскопПред 18 часа

Денешен Хороскоп (31.10) сабота

ОВЕН Ќе се чувствувате некако нерасположени и ќе барате нешто што ќе ве расположи. Очекувајте повик од драга личност и...

Без категоријаПред 19 часа

Кичево високо на врвот во ПМ-10 честички на последните мерења вечерва, дали стартот на грејната сезона дополнително ќе го отежни квалитетот на воздухот?

Вечерва мерната станица лоцирана во Кичево на последните мерења во 21:00ч покажува опасна загаденост на воздухот особено во однос на...

МакедонијаПред 21 час

КОВИД-19 НЕ ЗАПИРА ДЕНЕС РЕКОРДНИ 934 НОВИ СЛУЧАИ

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420 -Куманово...

КичевоПред 1 ден

На ул. Рудничка во Кичево вчера кучиња скитници нападнале две лица

На 29.10.2020 година во ОВР Кичево, Д.Т.(84) од селото Малкоец, пријави дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, бил каснат од...

СпортПред 1 ден

Поради новиот протокол во рамките на пандемијата, натпреварите во Првата и Втората лига се одложени соопшти ФФМ.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за...

МакедонијаПред 1 ден

(ВИДЕО) Милион причини зошто да ги изберете ЛУКОИЛ бензинските станици

Милион причини зошто да ги изберете ЛУКОИЛ бензинските станици… која и да е твојата, знаеш дека СЕКОГАШ ДОБИВАШ ПОВЕЌЕ. ЛУКОИЛ...

НАЈЧИТАНИ