Забава Настани Спорт

Кичевчани учествуваа на трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“ (ФОТО)

Саботата во Прилеп во одлична организација под жешкото септемвриско сонце се одржа осмиот по ред Крали Марко Треилс, најпознатата трка во планинско трчање кај нас каде на трите трки Трескавец Треил 16км со 800D+, Камена Баба Треил 34км со 1750D+ и Козјак Треил 67км со 3600D+ висинска разлика учествуваа над петстотини тркачи од цела Македонија и странство.

Кичевскиот Ендорфински тим, успешно ги заврши своите настапи.

Викторија Николоска, Милена Ванчоска и Елена Ванчоска Секулоска се натпреваруваа на трката од 16к, а Благојче Секулоски на најпрестижната трка од 67к.

Им честитаме и им посакуваме уште многу нови трки и уште поголеми успеси.

Официјалните резултати може да ги видите ТУКА

Close