Забава Кичево Настани Скопје

Кичево со свои претставници: „Car Club – Кичево“ учесници во третиот официјален автомобилски собир во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Денес на официјалниот трет по ред собир на автомобили учествуваше и нашиот „Car Club – Кичево“ во категориите понудени од организаторите, нашите пријатели Собири.мк

Мотоцентар беше главниот епицентар на збиднувањата, каде покрај одличниот амбиент, можеше да се видат доста квалитетни тјунирани и модифицирани возила, ладна пијачка и секако добра дружба со сите клубови од Македонија.

Нашиот Клуб се претстави со своите автомобили кои беа во можност да бидат дел од ова шоу, и како за второ учество токму во Скопје – ветува многу, како на работен план со своите возила, така и собирање искуства за понатамошна соработка за уште по успешни собири во нашиот град во иднина.

Во прилог неколку скромни фотографии направени преку нашиот Порта објектив

До следно дружење, уживајте! 😉

Close