Македонија Случувања

Претепана невенчана сопруга од Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против С.П. (36) од Кичево.

Пријавениот, казненото дело го сторил на трети мај оваа година околу 23,00 часот при расправија со неговата невенчана сопруга. Жестоката караница се случила во нивниот дом на улицата „Прилепска“ во Кичево. Во еден момент од расправијата, сега пријавениот С.П. физички ја нападнал невенчаната сопруга нанесувајќи и повеќе удари по главата и целото тело. Притоа, оштетената се здобила со видливи повреди во вид на модринки и отоци по целото тело.

 

Leave a Comment

Close