Кичево
По седум години конечно лекарски уверенија во Кичевската болница

По седум години пауза, конечно и во кичевската болница ќе можат да се добијат лекарски уверенија, за кои во изминатиов период жителите од оваа општина мораа да патуваат во Охрид, Струга или Гостивар, да се изложуваат на дополнителни трошоци и денгуба.
Причина за неможноста во својот град да се добие лекарско уверение, беше одлуката на Републичкиот санитарен инспекторат, кој поради неисполнување на хигиено-техничките услови на оваа болница, забрани издавање на лекарски уверенија, а оваа одлука беше на сила полни седум години.
-На наше инсистирање конечно, по подолг период и во кичевската болница ќе може да се добие лекарско уверение а, по сите контроли извршени од страна на надлежните инспекциски служби и ресорното министерство, дадено е зелено светло и по добивањето на неопходното решение, нашите сограѓани повеќе ќе нема потреба за овој документ да патуваат во соседните градови Гостивар, Струга или Охрид и да се изложуваат на непотребни дополнителни трошоци. Исто така и, не помалку важно, е што и кадровски се екипираме, од специјализација се враќа офталмологот, а оние специјалисти кои се уште ни недостигаат доаѓаат од Прилеп и други градови, но во блиска иднина ќе ги добиеме и овие специјалисти, така што целосно екипирани, во блиска иднина, ќе можеме да одговориме на овие обврски- рече директорката на кичевската општа болница Биљана Настеска.
Најзадоволни од ваквиот развој на настаните се секако граѓаните, бидејќи тие најмногу беа погодени од овој повеќегодишен проблем.
-Оваа информација беше најдобрата вест што ја примивме овој месец. Ние како повозрасни граѓани ќе моравме на секои три години по лекарско уверение да патуваме во соседните градови, без вистинска потреба да потрошиме дополнително пари а и денот да го загубиме во патување. Да се надеваме дека оваа одлука нема да биде краткотрајна и ќе можеме постојано да ги користиме услугита на нашата болница за добивање на лекарско уверение- истакнаа Александар и Стојмир , постари жители од Кичево.
Извор: Зоран Антоски /НоваМакедонија
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle2 дена
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Хороскоп6 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео2 дена
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили2 дена
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Видео17 часа
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Магазин2 дена
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android