Следете не

Кичево

Да ги пречекаме утре! Кичевска Коњаница со 5-ти Јубилеен Илинденски Марш до славно Крушево

Објавено пред

на

На ден 28 ЈУЛИ 2019 година, во 08:00часот. Сестринството од Манастир Пресвета Богородица Пречиста ќе отслужат Света Божествена Литургија, а по завршувањето, членовите на Кичевската Коњаница во дворот на Манастирот Пресвета Богородица Пречиста ќе положат света заклетва, пред свето писмо, кама и револвер.

По светата заклетва ѝ официјално Кичевската Коњаница Манастир Пресвета Богородица Пречиста, го почнува својот [sg_popup id=”25223″ event=”onLoad”]5ти јубилеен Илинденски Марш[/sg_popup] до Славно Крушево.

Коњаницата ги поминува селата Манастирско Доленци и Србјани, а од тука се упатува кон “Здружение на возачи” улица “Методија Стојаноски”, каде се спојува со браќата од Мавровско-Горнореканската Коњаница, со кои традиционално секоја година го чекориме заедно патот по кој некогаш чекореле храбрите јунаци.

За некаде околу 13:00 часот продолжувајќи по улиците “Борис Кидриќ” и “11ти Септември”, Коњаниците се вклучуваат на “Булевар Ослободување”, каде ќе продефилираат се до градската црква “Свети Петар и Павле”, Свештеницте од Кичевската Парохија, ќе им посакаат среќен и благословен пат на членовите на Коњаниците, со служење на Света Божествена Литургија.

Од тука Коњаниците се упатуваат кон ресторан „Луна“ и како и секоја претходна година, така и оваа традиционално се послужува ручек за учесниците во маршот.

Двете Коњаници го продолжуваат својот пат поминувајќи низ населбата Горица, низ селата Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта и пристигнуваат во селото Козица.

Со почеток од 20:00 часот, организиран е пречек на Коњаниците со жива музика и комитски амбиент. Наша ќе биде честа, ако не испочитувате со вашето присуство – додаваат од Кичевска Коњаница преку нашиот медиум кој секоја година ги спонзорира овие традиционални благодети.

ДОПОЛНИТЕЛНО ОД 29-ти Јули ЦЕЛОСНАТА ПРОГРАМА ЗА ОВОГОДИНЕШНАТА „Кичевска Коњаница“ гласи вака:

  • 29 Јули ПОНЕДЕЛНИК Вториот ден, Коњаницата се упатува кон селото Белица, каде како и претходните години во селската црква „Свети Победоносец Ѓорѓија“ се послужува ручек и мал одмор, пред долгиот пат кој следи. После ручекот во селото Белица, Коњаницата продолжува преку селата Прострање, Велмевци и Брезово, до селото Сопотница, каде истата вечер ќе преноќи. Организиран е пречек на Коњаницата со жива музика, со почеток од 20:00 часот пред школото во село Сопотница. Сите гости се добредојдени!
  • 30 Јули ВТОРНИК Вторникот на 30 Јули, тргнувајќи од село Сопотница, се упатуваме преку Славно Прибилци, селата Граиште и Сладуево, кон градот Демир Хисар, каде Коњаницата во 12:00 часот ќе продефилира и ќе биде пречекана од градоначалникот на Општина Демир Хисар. После пречекот во Општина Демир Хисар, повторно преку селото Сладуево, во селото Журче, каде истата вечер се организира пречек на Коњаницата со жива музика со почеток од 20:00 часот
  • 31 Јули (1 и 2 Август – Илинден) СРЕ-ЧЕТ-ПЕТ. Изутрината на 31 Јули. Коњаницата преку селото Острилци, ќе пристигне во Славно Крушево, каде се спојува со Коњаниците од Илинденски Марш, ќе учествува во 3дневното дефилирање низ Крушево, во програмата „10 Дена Крушевска Република“, се до чествувањето на 2 Август, Илинден на Мечкин Камен, каде ќе биде главната манифестација

За многу години Илинден!

Кичево

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

Објавено пред

на

©porta.mk

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега со креирање на аудио и видео записи. Во агендата ова е прво видео, додека на плејадата се токму 8.

Овој млад виртуоз кој ја има поддршката речиси од сите, се разбира и од нас како медиумски покровители, несомнено ќе биде еден од истакнатите ликови кој Македонија ќе се гордее кога е во прашање пијаното, така што додека неговата работа ја следат токму сите светски и реномирани компании, вредно е преку нашиот веб простор да им се заблагодариме во име на тимот на Лука, а тоа се: „iStyle Premium, Atlantic Grupa, „ATVA“ Residence, Маркети „АТВА“ и останати“

Сега, ве препуштаме да уживате во одличниот видео запис и прекрасната „Spring Waltz“, отсвирена на 8-ми мај 2022 година во чест на Владиката Партениј, Игумен на Бигорската обител, на големиот Велигденски концерт во Кичево – „На многаја лета, Владико на нашите срца!

Повеќе за неговиот концерт ќе најдете на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.

Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.

– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.

ФОТО:

Извор: Министерство за внатрешни работи

Прочитај повеќе...

Кичево

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“

Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

ФФМ денес одржува редовно генерално собрание, каде свое обраќање имаа претставници на УЕФА кои ја пофалија досегашната работа и залагање за фудбалскиот развој

Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање...

Спорт7 часа

Олимписките федерации против паричните награди за освојувачите на златни медали на „ОИ“ во Париз

Олимписките спортски организации вчера ја критикуваа Светската атлетика која на спортистите им вети по 50.000 долари за секој освоен златен...

Спорт14 часа

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза14 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан17 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево18 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт1 ден

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг1 ден

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура1 ден

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

НАЈЧИТАНИ