Следете не

Кичево

Последна информација: Поради дефект на мрежата овие се сите Кичевски села без електрична енергија

Објавено пред

на

Поради дефект на мрежата за електро снабдување овие се сите села во Кичевскиот регион кои моментално уште се без електрична енергија.

Белица, Другово, Козица, Лавчани, Добреноец;
Карбуница, Бигор Доленци;
Лисичани, Челопеци, Вранешница;
Туин, Бериково, Паградиште;
Пласница, Преглово..

Од ЕВН известуваат дека активно се работи на терен и што е можно побрзо ќе биде санкциониран дефектот.

Извор: ЦУК.

Кичево

Денес се навршуваат 80 години од првото македонско училиште во с.Подвис – кичевско

Објавено пред

на

с.Подвис (facebook)

На денешен ден пред точно 80 години (23-ти септември) 1943 г. во кичевското село Подвис започнало да работи првото училиште на македонски јазик на ослободена територија.

Денес е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево – Охрид

Да не се заборави ова значајно историско место, иако за негова ревитализација одамна културолошки е надвор од плановите на било која гарнитура.

Од тука произлага легендарната:

“Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик .
И ќе си се поздравуваме на македонски јазик!”

ВАСИЛКО РИСТЕСКИ с.Подвис, кичевско, 23 септември 1943 година.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ денес во Кичево по повод „Светскиот ден без автомобили“ дефилираа со „тротинети“

Објавено пред

на

Денес  22-ри септември во еко-календарот е „Светскиот ден без автомобили“, покрај тоа што е гласник и почеток на есента, важно е да се каже дека автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот и тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа.

Традиционално по тој повод најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ облечени во бели маички и капчиња, заедно со клонови групи од 5 до 6 годинки во голем број продефилираа низ кичевските улици со „тротинети“ украсени со најразлични пораки со кои уште еднаш ги потсетија учесниците во сообраќај за важноста на овој ден.

На покана од градинката овој настан го проследивме со големо внимание и истиот Ви го пренесуваме преку фотографија, доколку истата сакате да ја имате, пишете ни на нашата официјална фејсбук фан страна.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ во Кичево вчера и денес посетен од рекорден број на верници по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“

Објавено пред

на

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба вчера вечер и денес се разбира, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ беше посетен од рекорден број на верници, како предвесник на денешниот патрон празник Рождество на Мајката Божја, или кај народот позната како „Мала Богородица“.

Исто така вчерашниот ден беше посебен бидејќи една од искушеничките се замонаши и го доби своето монашко име „Теодосија“, додека денес Манастирскиот кум Горан Стојкоски послужи манастирски ручек и во исто време изврши примопредавање на кумството до новиот кум.

Неколку фотографии преку нашиот објектив, кој го одбележаа овој прекрасен ден

За многу години!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle5 минути

Сезоната на костенот започна, но некои луѓе не треба да го јадат

Сезоната на костен трае од октомври до декември, што на многумина им е омилено есенско овошје. Иако е јаткасто овошје,...

Lifestyle8 минути

Трите најлоши типови на појадок што треба да ги избегнувате

Појадокот е несомнено најважниот оброк во денот кој може значително да влијае на нашиот мозок и целокупното здравје, но диететичарите...

Магазин17 минути

Дали е ова новиот Samsung Galaxy S24: Се појавија првите податоци за камерите и дизајнот

Иако неофицијално, ги добивме првите погледи на новиот телефон Galaxy S, најмоќниот модел на Samsung. Бидејќи информациите дојдоа од OnLeaks,...

Магазин24 минути

Apple ги обвинува грешките во iOS 17 и апликациите како Instagram за прегревање на iPhone 15

Apple вели дека проблемите со прегревање на телефонот немаат никаква врска со дизајнот на хардверот, но велат дека апликациите како...

Магазин28 минути

Lightning беше всушност…одличен?

Веста за префрлувањето на iPhone од Lightning на USB-C предизвика голема возбуда во светот во изминатите неколку дена. Lightning оди...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за понеделник (2 октомври)

ОВЕН Од рано наутро ќе бидете многу одлучни во намерата да направите сѐ што не сте стигнале во претходните неколку...

Скопје14 часа

(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“

Над 11.000 тркачи од повеќе од 45 земји од светот, утрово ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и...

Временска прогноза21 час

Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (октомври 2023)

ОВЕН Овој месец ќе морате помалку да се посветите на себеси и повеќе на тоа како се однесувате и што...

Скопје2 дена

Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 01.10.2023 година (недела) со почеток во 08.00 часот, поради одржување на...

НАЈЧИТАНИ