Следете не

Кичево

Нашиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ денес од раните утрински часови масовно посетен од верници речиси од сите краеви на земјава

Објавено пред

на

Манастирот Пресвета Богородица Кичевска за денот Успение на Пресвета Богородица, традиционално е масовно посетен од верници од речиси сите градови во земјава.Така денес од раните утрински часови колони автомобили со верници од сите градови се упатија кон манастирот, каде запалија свеќи,се помолија за здравје и наполнија од светата вода, дури имаше и верници кои на своите најмлади потомци им правеа крштевка на овој голем ден.

Монашкото сестринство во манастирот беше целосно посветено, за да им излезат во пресрет на верниците и сите добронамерници кои денес го посетија ова светилиште, се за да протекне без проблеми, а ги замолуваа посетителите кога влегуваат во манастирската црква , да бидат облечени пристојно и задолжително  да носат заштитни маски, во склад со протоколите за заштита од ковид 19.

– Празнувањето на Успение на Пресвета Богородица е празнување на почитта, разбирањето и љубовта на своите најблиски. Манастирот Пресвета Богородица Пречиста не е само локално светилиште, како што може денес да забележите,тој е посетен од верници од сите градови од земјава, кои го посетуваат манастирот од рано изутрина до доцна навечер – вели сестра Пелагија, една од членките на монашкото сестринство во манастирот.

Голем дел верници во повеќе наврати престојуваат тука и како што самите велат, со секоја наредна посета манастирот е се попривлечен и поубав за престој.

– Секогаш кога ќе го посетиме манастирот се враќаме дома се поисполнети и со чусвство  дека од година во година тој е се попривлечен. Впечатоците се неизбришливи, задоволството  комплетно, и затоа за овие празници  редовно  сме  тука со верниците од целата земја – рекоа постари верници од Битола, кои беа најбројни помеѓу верниците.

Инаку традиционално секоја година  се бира кум на манастирот, кој во следните 12 месеци ќе му служи на ова светилиште со повеќе верници доброволци, како и со монашкото сестринство, кое во текот на годината произведува првокласен мед и сирење.

Текст: г-дин Зоран Антоски

Кичево

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.

Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.

– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.

ФОТО:

Извор: Министерство за внатрешни работи

Прочитај повеќе...

Кичево

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“

Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка

Објавено пред

на

porta.mk

На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт14 минути

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг2 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура2 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle2 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин2 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин2 часа

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево20 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт22 часа

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево23 часа

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

НАЈЧИТАНИ