Кичево
Кичевчанецот кој е заболен од „Коронавирус“ неколку месеци не бил во Кичево, спроведен е директно во државниот карантин

Кичево досега беше едно од ретките места во земјава каде што немаше дијагностициран случај со коронавирус. Ова делумно и засега останува така бидејќи заболениот, за кој се потврди дека е позитивен, неколку месеци не бил присутен во градот.
Од Кризниот штаб во Кичево ја потврдија оваа информација и велат дека лицето е на возраст од околу триесетина години и е со лична карта и место на живеење во Кичево, меѓутоа неколку месеци не бил во градот.
„Станува збор за момче што работело на брод во една од европските држави и вчера се вратило во земјава, преку протоколите за враќање на нашите државјани дома. Како што налагаат правилата, тој бил сместен во задолжителен државен карантин, распределен во хотел во Скопје и сè уште е изолиран. Тој вчера се пожалил на тегоби и кашлица, а резултатот од направениот тест за присуство на коронавирусот бил позитивен“,
Здравствената состојба на заболениот со коронавирус засега е стабилна.
Извор: Кризен штаб – Кичево
Текст: 360степени
Кичево
Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево

АТВА Маркети продолжуваат со производите на акција и оваа седмица, купувајте и заштедете!
Кичево
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни

Во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 53 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-09, Кичево-30, Дебар-01).
На нив им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19
Според статистичките податоци кои стигнуваат од СВР Охрид, изминатата седмица вкупниот збир на напишани казни поради непочитување закон за заштита на лицето (носење маска) изнесува 183 што практично укажува за максимална не одговорност.
Надлежните органи во координација со медиумите, апелираат да се почитуваат пропишаните мерки за Ковид-19.
Извор: СВР Охрид
Кичево
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19

Портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски ја информира јавноста дека на 27.02.2021 во периодот од 19.00 до 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од ковид-19.
При контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
/СВР Охрид – дневен билтен за медиуми
-
Македонија1 ден
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Кичево3 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Кичево3 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Временска прогноза2 дена
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Македонија19 часа
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Временска прогноза3 дена
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..
-
Временска прогноза20 часа
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..