Музика
Кичевчанецот Мирослав Мирчески е победник на „Гоце Фест“ 2020
Младиот кичевчанец Мирослав Мирчески со неговата песна „Македонски Гордо Оди“ е овогодинешниот победник на „Гоце Фест“ 2020 година.
31-то издание понуди нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика од богатото историско минато на македонскиот народ.
Учество на фестивалот имаа врвни македонски музички имиња од фолк сцената, како и млади интерпретатори, меѓу нив ќе ги споменеме: Круме Спасовски, Виданка Ѓоргиевска, Ѓоко Дончев, Славка Младеновска, Серафина Фантаузо, Ванчо Тарабунов, Јулија, кичевчаните Дарко Стојаноски и Мирослав Мирчески, Рени, Кристијан Демјански и др.
Како што е познато Фестивалот „Гоце Фест“ започна во 1990 година, во чест на денот на раѓањето на големиот македонски патриот Гоце Делчев, 4-ти февруари.
Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора “Гоце Делчев”, а директор е Пеце Здравковски.
Култура
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The Beginning”, “Between Passion And Suffering”, “Empire Of Slaves”, “Butchered Hope”, “Wrath Of The Innocent” и “Hand Of Salvation And justice”кој може да ги преслушате на неговиот Youtube канал.
Кичевчанецот, освен што е комплетен автор, тој е и комплетен изведувач на темата, аудиото, миксот и мастерингот се на Христијан Ѓоргиевски, а сето тоа визуелно ни го претставија Александар Вренцовски и Ненад Милошески
Послушајте, споделувајте и се надеваме ќе ви се допаднe.
Музика
(ВИДЕО) Премиера на новиот мега сингл „Маскенбал“ на Лозано, режисерот Јовески ексклузивно не го криеше задоволството од овој магичен спој
Во сенките на венецијанските улици, низ маглата која го покрила градот како свој, се игра вечно собирање на души. Секој чекор што го правиме, секој пресврт на мислата, секој здив звучи како мистериозна балада, на чии ноти танцуваат маскирани лица, зачувани под маската на постоењето – така мене ми зазвучи музиката на Лазар Цветкоски и вокалната интерпретација на Влатко Лозаноски, истакна Јовески во интервју за Порта.мк
– Кога ја слушнав демо снимката што ми ја испрати продуцентот Лазар, веднаш забележав нешто магично во мелодијата. Тие ноти, како да летаат низ воздухот, отидоа во мистичен свет на моите фантазии, секој звук беше како далечен шепот, но таа далечина беше Венеција. И затоа како работен наслов на сценарио за „Маскенбал“ на листот напишав локација „Венеција“ и започнаа подготовките.
Маската – како метефора е парче од нашата душа, кое го криеме од светот, а понекогаш и од самите себе под која се претвораме во некој друг, во некој чиј идентитет се топи во неодоливата игра на виртуелната реалност. Затворени во оваа маска, стануваме актери во спектаклот на нашите сопствени сенки, танцувајќи во оваа вечна комедија на животот. Но, понекогаш, под оваа маска, се чувствуваме како изгубени души меѓу минатото и сегашноста, кои ги истражуваме длабочините на нашата сопствена темнина. И во тој момент, Венеција постои како простор на мистерија, депресија и носталгија, каде што секој прекумерен здив е повик кон она што било и што можеби никогаш нема да биде.
– Имено, затоа како режисер на видеото избрав да се снима „Маскенбал“ во Венеција, а не во кој било друг град низ светот каде што има илјадници други карневали – поради што оваа мистериозна градина со маски ни овозможува да запловиме длабоко во себе, да ги истражуваме темните агли на сопствената душа и да се запрашаме: Кое е вистинското лице зад маската?, за нашиот медиум говори Даниел Јовески, еден од најдобрите видео креатори и режисери од нашата Македонија
Во продолжение, големиот хит „Маскенбал“
Споделете, лајкувајте, претплатете се на официјалниот јутјуб канал на Лозано!
Музика
(ВИДЕО) Конечно реканскиот хит „Сите велат машала“ на Христијан Тришоски доби официјален видео запис и комплетен аранжман
Кичевчанецот Христијан Тришоски, некогашен учесник во „Ѕвездите на Гранд“ на својот официјален јутјуб-канал ја објави најновата преработка на свадбарска песна „Сите велат машала“ и најави доста нови материјали и преработки во иднина.
Интересно за оваа композиција е тоа што речиси и да нема место во кичевскиот и реканскиот крај каде истата не се пее, во негов стил и преработка за прв пат ја испеа во реканските краишта далечната 2018, а денес конечно го доби официјалниот видео запис во соработка со одличните „Плејбек Продукција“, на кратко изјави за Порта.мк.
Текстописец како што се наведува во официјалниот линк е самиот Тришоски, додека продуцент и комплетниот аранжман е дело на маестро Златко Миладиноски, за музиката и клавијатури Зеки Бекир, додека микс и мастер на Љупчо Соколовски. Карактеристичната зурла е секако на Џељо Дестановски, тапан Мартин Блажески.
Во спотот учествуваа дел од КУД „Бисер“ од Кичево, а локацијата е во Етно село „Андревци“, Кристијан Танчевски и Стефанија Стојчевска се актерските имиња кои ја импресионираа цела убавина во спотот.
Во прилог официјалниот видео запис на најновото музичко исполнение од Христијан Тришоски, споделете доколку ви се допаѓа:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево18 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза13 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин2 дена
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин2 дена
Meta се затвора во Турција
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт22 часа
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.