Кичево
Кичево денес: Опожарен голф, најмногу казни за неносење маски, 424 вкупно регистрирани и 80 активни случаи на Ковид-19
- Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 82 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-16, Струга-19, Кичево-32, Дебар-15). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
- Вчера на ден 20.10.2020 година околу 14.30 часот, на улицата „22 декември“ во Кичево, при движење на патнички автомобил „Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Д.(51) од Кичево, случен е пожар во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната против пожарна единица која го изгаснала пожарот – информира портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски.
- Коронавирус Кичево, до денес дијагностицирани 424 случаи од кои 80 се активни.
Кичево
Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка
На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!
На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“, атар на истото село, настанал пожар на површина на отворен простор од околу 3 хектари ниско стеблеста дабова шума и грмушки.
Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Инаку, порта.мк како и секоја година, така и оваа апелира до неодговорните и несовесни граѓани дека пролетта но и летото е погоден период за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.
Исто така посебно внимание и во разни култури по нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.
Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции.
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Величествена прослава на Акатистот кон Мајката Божја Пресвета Богородица во Кичево
Во манастирот Св.Богородица – Пречиста во Кичево се одржа третиот великопосен Акатист кон Пресвета Богородица, настан што со своето присуство го збогатија високопочитуваните Митрополити: г. Кирил Имвроски и г. Дамаскин Дидимотиски. Овој настан е одраз на длабоката духовна поврзаност и почит кон Родителката на Светлоста и вечниот пример на верност и благодарност кон Бога, Мајката Божја.
Свеченоста започна со традиционален пречек кој што беше приреден за високо-почитуваните гости, кон кои голема благодарност и почит за нивното присуство, во своето обраќање изрази владиката Партениј. Тој го истакна значењето на заедништвото во верата и благодарноста кон Пресвета Богородица за нејзината безусловна љубов и заштита.
Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, и Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и Сулфи, г. Дамаскин, истакнаа дека нивното присуство во манастирот Пречиста е израз на единството меѓу православните христијани. Тие исто така зборуваа за значењето на жртвата и верноста кон Бога, како и за важноста на благодарноста и молитвата во секојдневниот христијански живот.
Настанот беше исклучителен пример на духовното единство и силата на православната вера, придружен со благодатна радост и заеднички молитви за мир. Тој ја утврди длабоката почит кон Пресвета Богородица, како извор на надеж и вечна утеха, но и историската и духовна важност на манастирот Пречиста, како место на молитва, подвиг и заедничарење, нагласувајќи ја неговата улога во одржувањето и промовирањето на православните христијански вредности.
Исто така со особена чест, преку нашиот медиум ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во денес, 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, додека утре недела Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во 09:00 часот.
Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.
Повеќе галерија погледнете на официјалниот линк ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 април)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Магазин1 ден
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт2 дена
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин1 ден
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Спорт11 часа
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин1 ден
Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5
-
Автомобили2 дена
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција