Кичево
Кичево вчера: ТППЕ изгаси стан во пламен, додека жител на с.Зајас каснат од куче скитник на ул. 4-ти Јули
На 02.06 2020 година, околу 13 часот, во стан на улицата „Борис Кидриќ“ во Кичево, случен е пожар, кој, со брза интервенција на Територијалната против-пожарна единица е локализиран и целосно изгаснат. По извршен увид, констатирано е дека причина била дефект на електричен кабел.
На 02.06.2020 година, Г.М.(29) од кичевското село Зајас, во полициската станица пријавил дека на улицата „4 јули“ во Кичево, бил нападнат од куче скитник. Притоа, се здобил со повреди во пределот на левата нога.
Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
Кичево
Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка
На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (17 април)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево4 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево54 минути
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника5 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин1 ден
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт2 дена
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Спорт18 часа
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“