Следете не

Кичево

Кичевскиот регион со намалена видливост поради магла

Avatar

Објавено пред

на

Известување за намалена видливост поради појава на магла има од 50 до 100 метри на патниот правец превој Стража према Кичево и делница према Македонски Брод / Охрид, како и Страцин – Крива Паланка и од 30 до 40 метри на патниот правец Шипковица – Попова Шапка.

Апелираме за поголемо внимание доколку патувате низ овие патишта сега или во текот на ноќта.

Имајте пријатен викенд.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Кичево

Двајца повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар вчера

Avatar

Објавено пред

на

На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од с.Грешница, кичевско и патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Е.(39) од Р.Албанија.

Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Г.Б.(46) се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полциската станица Кичево.  

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Во акциите на Црвен крст – Кичево за седум месеци собрани се 538 единици на крв

Avatar

Објавено пред

на

Од година во година бројот на крводарувања во општина Кичево е во постојан пораст, што треба да ги радува здравствените установи во земјава, бидејќи проблемот со недостаток на крвни единици честопати е присутен во нивното работење.

Така во оваа календарска година за првите седум месеци во повеќе крводарителни акции организирани од страна на општинската организација на Црвениот крст собрани се вкупно 538 крвни единици од сите крвни групи, а радува фактот што се повеќе млади пројавуваат интерес да ја подадат својата рака и да подарат дел од најдрагоцената течност.

– Во текот на оваа календарска година бележиме добри резултати во крводарувањето и така до први осми собрани се вкупно 538 крвни единици во повеќе крводарителни акции организирани во поголемите компании и институции во градот како што се: РЕК „Осломеј“, касарната „Чеде Филипоски Даме“, компанијата за заштитни перничиња „Џојсон Сејфти Системс“ и други. За годинава планирани се 20 редовни крводарителни акции и 3 вонредни, кои ќе бидат спроведени според потребите од здравствените институции. Ако ги погледнеме актуелните бројки ќе бидеме повеќе од сигурни дека и годинава ќе ги повториме рекордните остварувања од претходните години, иако пандемијата со ковид-19 во одредена мерка ги промени плановите и, покрај зголемените потреби од најдрагоцената течност на повеќето болници во земјава – за медиумите изјави Бесник Селими секретар на ОО на Црвениот Крст – Кичево.

Извор: Зоран Антоски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево: Два напади од кучиња скитници врз лица во еден ден

Avatar

Објавено пред

на

На 23.09.2020 во полициската станица Кичево, Д.С.(41) од Кичево пријавила дека на улицата „Мирка Настеска“ била касната од куче скитник. Истиот ден, С.А.(52) од Кичево пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 1 минута

Дневен Хороскоп (30.09) среда

ОВЕН Денес ќе биде средно успешен ден за вас. Тензијата ќе попушти напладне. Во домот ќе владее хармонија и среќа...

СпортПред 1 час

(ВИДЕО) Еве кој ќе го наследи големиот Икер Касиљас – синот Лукас, кој со прекрасна одбрана на голот го најави големиот талент

Судејќи според видеото што легендата на Реал и шпанската репрезентација го објави денеска на Инстаграм, синот Лукас со неговата одбрана...

МакедонијаПред 9 часа

Денес 112 новозаразени од Ковид-19, 8 починати

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 46...

МагазинПред 10 часа

Маргаринот и не е толку нездрав продукт

Маргаринот долго време е на тапет дека е нездрав продукт. Но, во последните месеци нутриционистите се обидуваат да го спасат...

КичевоПред 10 часа

Двајца повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар вчера

На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко...

ЗабаваПред 10 часа

Кога е вистинско време за кафе?

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот,...

Живот и стилПред 10 часа

Што прават успешните луѓе после работа?

Сите имаме некакви навики по завршување на работните обврски, но што точно прават оние најуспешните? Хафингтон пост, се обиде да...

Здравје и убавинаПред 11 час

Газираните пијалаци го уништуваат мозокот

Долготрајното пиење на газирана вода ги менува хемиските процеси во мозокот и влијае на однесувањето. Газираните пијалаци го уништуваат мозокот,...

МагазинПред 11 час

Жените кои глумат оргазам повеќе се наклонети кон неверство

Иако мажите често се обвинети за глумење во креветот, жените се оние кои предничат кога станува збор за лажирање оргазам....

МакедонијаПред 13 часа

Утринава 17 припадници на АРМ имале тешка сообраќајна несреќа

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и...

НАЈЧИТАНИ