Следете не

Без категорија

Кина истражува и развива 14 вакцини против Ковид-19

Објавено пред

на

Кина во моментов истражува и развива 14 вакцини против Ковид-19, а пет од нив влегоа во третата фаза на клиничкото испитување.

Од вакцините што влегоа во третата фаза од клиничкото испитување, две се „Sinopharma“, најголемите државни фармацевтски компании, потоа компанијата за вакцини „Sinovac“ и една компанија „CanSinoBIO“ и „Chongqing Zhifei Biological Products“.

Кина официјално ја одобри вакцината Sinopharma на 31 декември минатата година, додека другата вакцина на компанијата и вакцината Sinovac беа одобрени за итна употреба.

„Во октомври минатата година, четири месеци по воспоставувањето на програмата COVAX на Светската здравствена организација, Кина се приклучи на програмата, најавувајќи дека кинеските вакцини ќе станат јавно добро на светот“, рече Yu Xi, дописник на МИНА од Кина.

До 15 јануари, околу 20 земји потпишаа договор за набавка на кинески вакцини.

Кинеската влада прогласи дека ефикасноста на вакцината „Sinopharma“ е околу 79 проценти.

Пред Кина, Обединетите Арапски Емирати официјално објавија регистрација на вакцината од Sinopharma во таа земја на 9 декември минатата година и потврдија дека според резултатите од тестовите, ефикасноста на кинеската вакцина е 86 проценти.

Бахрин ја одобри вакцината од Sinopharma на 13 декември минатата година, објавувајќи дека според резултатите од нивните тестови на 42.299 волонтери, докажано е дека ефективноста на таа вакцина е 86 проценти.

Египет ја одобри употребата на вакцината Sinopharma под итни потреби на 9 декември, а податоците се исти како и во Бахрин.

Досега вакцината ја примиле скоро 60.000 волонтери.

Освен во Кина, вакцината Sinopharma е одобрена за итна употреба во три земји.

На конференцијата на кинеската влада беше објавено дека 15 милиони граѓани веќе ја примиле вакцината.

Кога станува збор за процесот на вакцинирање според досегашната практика во Кина, вакцината се прима во две дози, а втората доза се зема 14 до 28 дена по првата доза.

Пред вакцинацијата, лекарот треба внимателно да го прегледа примателот ако има сериозни болести, алергии, по што примателот треба да потпише писмо за да докаже дека е доброволно вакциниран.

По вакцинацијата, примателот треба да почека на клиниката околу 30 минути во случај на несакани ефекти.

Според официјалните извештаи, досега немало сериозни несакани ефекти, а ефективноста на вакцината трае најмалку шест месеци.

Луѓето кои се во самоизолација или карантин не треба да примаат вакцина, како и оние кои биле во градови или области каде што постои ризик од инфекција во последните 14 дена.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево4 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин5 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин5 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево20 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин1 ден

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

НАЈЧИТАНИ